• Latest

Вучиќ: Нема да го признаеме Косово, но реална политика не може да се темели на митови

September 13, 2022

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Вучиќ: Нема да го признаеме Косово, но реална политика не може да се темели на митови

September 13, 2022 13:04
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во српското Собрание денес почна посебна седница на која претседателот Александар Вучиќ го презентираше „Извештајот за преговарачкиот процес со привремените институции на самоуправата во Приштина“, од 15 јуни 2021 до 1 септември 2022 година, на која им порача на пратениците дека Србија нема да го признае Косово, но дека реалната политика не може да се темели на митови и дека желбите на народот се максималистички, а можностите мали, јави дописникот на МИА од Белград.

-Како некој што се заколнал во Уставот на Србија, сè додека можам да влијаам, Србија ниту индиректно, ниту директно нема да ја признае еднострано прогласената независност на Косово, ниту ќе се откаже од легитимната борба за државни и национални интереси и од борбата за почитување на меѓународното право, рече Вучиќ.

Како што истакна, „во претходниот период државната политика се водеше меѓу посакуваното и можното, со тоа што желбите на граѓаните се нереални и максималистички, а нашите можности се многу ограничени“.

Вучиќ рече дека вистинската политика не може да почива на фатаморгани и митови, а тоа значи дека сопствените митови мора да се прилагодат, разбирајќи ја нивната важност во создавањето на духот на целата нација и дека без нив тие нема да опстанат.

„Она што најмногу треба да го заштитиме се нашите луѓе на Косово“, нагласи тој и потсети дека позицијата на Србија е уште потешка поради големиот конфликт во Источна Европа.

-Хистеријата во меѓународната заедница се одразува на Србија и на нашите клучни државни интереси, истакна Вучиќ.

Тој посочи дека „има зголемено присуство на специјалните сили на Приштина на северот на Косово и дека ќе зборува за „оружје и оклопни возила што ги допремуваат“. Тој додаде дека опасноста во Косово е блиска, објективна и сериозна и нагласи дека Србија не учествувала во создавањето на кризата дека и покрај се е подготвена за дијалог“.

Претседателот Александар Вучиќ рече дека не верува во никаков договор со актуелното албанско раководство, бидејќи не ги интересираат рационални аргументи и меѓународно право. Тој истакна дека во последните денови има јасни обиди за целосна промена на политичката арматура на преговорите за Косово.

-Од она што беше постигнато претходно, тие ќе кажат – ќе се направи, рече Вучиќ, но истакна дека од Србија ќе се бара да оди кон неформално признавање на независноста на Косово, кое ќе биде претставено како „подарок од небо“.

„И што и да кажеме, ќе имаме тешка ситуација. Не знам како ќе одолееме, а тој притисок ќе се зголеми“, посочи тој, наведувајќи дека има две причини за ова.

Првата причина е тоа што никој не сака да отвори нов конфликт на Западен Балкан, „а од друга страна, Западот има потреба да го исфрли од рацете на Путин аргументот за Косово“.

Вучиќ оцени дека суштинската причина за кризата во дијалогот Белград-Приштина произлегува од фактот што западниот свет не сака да ги почитува Повелбата на ОН и Резолуцијата 1244 во случајот со Србија, ниту пак се заинтересирани да ги почитуваат договорите постигнати во дијалогот.

Претседателот на Националното собрание Владимир Орлиќ изјави дека во рамки на Првата посебна седница за Косово отворено ќе се разговара два дена, а Вучиќ ќе одговара на пратенички прашања.

Свои предлози за резолуции за Косово поднесоа и пратениците од Двери и Народната странка (НС), додека пратениците од опозициската Партија на слободата и правдата (ССП) најавија иницијатива за формирање парламентарна комисија која ќе сочини платформа за преговори.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ