• Latest

Вучиќ прогласи вонредна состојба во Србија како мерка во борбата против коронавирусот

March 16, 2020

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Вучиќ прогласи вонредна состојба во Србија како мерка во борбата против коронавирусот

March 16, 2020 08:41
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа на вонредна прес конференција ја објави одлуката дека на „цела територија на Република Србија се прогласува вонредна состојба“, како мерка во борбата против коронавирусот, јави дописникот на МИА од Белград.

– Во Србија денеска имаме вкупно 48 заразени лица. Немаме смртни случаи, но нема сомнеж дека во наредните денови ќе се соочиме и со тоа, изјави Вучиќ.

За ова да успее, „во битката за постарите лица“, додаде Вучиќ, ќе бидат преземени најтешки мерки.

– Лицата постари од 65 години мора да останат во своите домови, порача Вучиќ, најавувајќи дека во наредните три дена полицијата ќе проверува колку мерката се почитува.

– Доколку мораме во рок од 72 часа – ако прекршувањето е повеќе од 0,1 или 0,2 отсто – ќе се донесе обврзувачка одлука сите (стари) лица да останат во своите домови и нивните дворови доколку се во рурални области, најави Вучиќ, кој додаде дека сите оние кои не ја почитуваат наредбата за изолација, ќе се соочат со казна до три години затвор.

Како што кажа српскиот претседател, Владата вечерва ќе одржи седница на која ќе бидат прецизирани мерките согласно воведената вонредна состојба.

Како една од мерките, Вуќиќ, покрај присуството на војската пред „здравстените установи и други позначајни објекти“, најави и дека од утре прекинува наставата во сите образовни институции и градинките, како и дека се откажуваат сите спортски натпревари на отворен и затворен простор.

Тој упати апел до граѓаните без потреба да не купуваат прехранбени и санитарни производи, бидејќи Србија ги има сите потребни намирници.

Вучиќ кажа дека денеска испратил писмо до претседателот на Кина, кого го нарече „брат и пријател на Србија, гарантирајќи му челично пријателство“ во кое побарал „сè од Кина“.

– Дури побаравме и доктори, нагласи Вучиќ, додавајќи дека Србија купила пет милиони маски од Кина, за да може да ги премости 10-те дена, кои ќе дојдат за еден ден, и дека Србија ќе испрати авион за тоа.

– Србија ќе ги воведе сите ограничувања, не можеме да им забраниме на српските граѓани, сите што ќе влезат од која било земја на светот ќе бидат ставени во карантираат 14 дена, а оние кои доаѓаат од жариштата ќе бидат ставени во карантин 28 дена, без оглед дали имаат симптоми или не. Ова го правиме за да ја спасиме нашата земја, изјави Вучиќ.

Тој им порача на странците да не доаѓаат во Србија „освен Кинезите кои се повикани за помош“.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ