• Latest

Вулнет Махмути, активист: ЦИВИЛ ми ја врати довербата – сепак постои некој кој се грижи за правата на обичниот граѓанин

December 12, 2019
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Вулнет Махмути, активист: ЦИВИЛ ми ја врати довербата – сепак постои некој кој се грижи за правата на обичниот граѓанин

Во ЦИВИЛ научив многу работи, научив да ги гледам работите поинаку, научив  дека некој се бори за правата на обичниот граѓанин и дека секој обичен човек може да биде херој на некоја приказна...

December 12, 2019 15:32
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вулнет Махмути, граѓански активист, на Фестивалот на слободата, на Говорницата за човекови права зборуваше за своето искуство и активизам во ЦИВИЛ.

„ЦИВИЛ, што можам да кажам за ЦИВИЛ, тоа е нешто повеќе од организација нешто повеќе од  работно место. Слободно можам да кажам дека ЦИВИЛ е како семејство. Можам да кажам дека се гордеам дека бев дел од ЦИВИЛ, а во текот на мојот ангажман, тоа ми беше како втора куќа и уште е. И покрај мојата возраст ЦИВИЛ ме прифати таков како што бев, мојот почеток беше забавен, со Караванот на слободата. И покрај работните задачи сепак имавме простор да уживаме на концертите низ целата земја.

Бев млад, но бев разочаран од сè што се случуваше во државата,  мислев дека на никој не му е гајле за обичните луѓе и дека тие никогаш нема да добијат право на збор и дека никој не ги слуша…  Со ЦИВИЛ ми се врати довербата. Сфатив дека секој граѓанин има право и место за да го каже своето мислење и дека ЦИВИЛ има отворени врати за сите…  Во ЦИВИЛ научив многу работи, научив да ги гледам работите поинаку, научив  дека некој се бори за правата на обичниот граѓанин и дека секој обичен човек може да биде херој на некоја приказна, особено со семинарите и работилниците на Граѓанскиот објектив за граѓански новинари

Права и слободи на човекот  — основните критериуми што ја отсликуваат улогата на човекот и граѓанинот во едно општество. Истовремено тие се реалниот показател за карактерот на власта. Колку се понапредни тие, толку повеќе ја стеснуваат можноста на власта за злоупотреби  кон правата и слободите на човекот.

Република Северна Македонија, од 1997 година ја прифатила јурисдикцијата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Франција.

Човековите права се сметаат за прекршени во следниве неколку примери:

Непризнавањето на раса или етничка група

Ако жените не бидат третирани како еднакви со мажите

Ако религиозни групи не бидат третирани како еднакви со други

Осудувањето на смрт

Ако човекот е продаден или третиран како слуга

Гаснењето на водата при неплаќање на одредена сметка

Непостоење на бесплатно школување

Казнувањето на личност без правилно судење

Немањето право на глас или политичко претставување

Овие човекови права се кршеле и се кршат но прашањето е колку ние како граѓани тоа ќе го прифатиме и дали ќе се бориме за тоа да не се случува…

Политичарите, јасно ни е колку се грижат за нас, но ако ние не сме гласни за тие да ги слушнат нашите маки тогаш не можеме да ги правиме нив толку виновни.

Жално е да кажеме но голем број од жителите на ова држава немаат ни основни услови за живот, како прво немаат вода за пиење односно нема водовод… а немаат ни канализација. Како може некој политичар да го дозволи тоа, да ги кршат основни права на човекот… па без капка срам кога има избори секогаш им ветуваат дека ќе им средат водовод и канализација а потоа локални шерифи од истите партии на овие лажговци идат на различни начини да ги убедат граѓаните дека треба да гласат за одредена партија… смешно е, но со брашно и зејтин пробуваат да ги купат гласовите на слободните граѓани… сме сведочеле до сега и на друга опција како се обезбедуваат гласови: со закани за бркање од работа или одземење на правото на социјална помош…

Па реално да гледаме, нема кршење на човековите права во ова држава, овде обичниот граѓанин може да живее како ќе се снајде“, изјави Вулнет Махмути.

 

Б. Ј. (обработка на текст)
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Кирил Михаилов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ