• Latest

За една петиција, за одговорите, за проблемот со кој се соочуваме и за страшните елити

June 22, 2019
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

За една петиција, за одговорите, за проблемот со кој се соочуваме и за страшните елити

ПРАВНИ ПЕРСПЕКТИВИ: Само во еден извртен систем на вредности можеше да се развие стравот од интелектуалните елити

June 22, 2019 22:23
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Прво прашање кое се поставува во врска со писмото на група културни работници до премиерот Заев е: Зошто? Зошто седнале да напишат писмо до премиерот со барање кое нема врска со неговата надлежност?

Мирјана Најчевска

Одговорот на ова прво прашање е многу едноставен. Затоа што искуството покажува дека именувањето на директори во Република Северна Македонија со многу мали исклучоци (јас дури во моментов и не можам да се сетам на таков исклучок ете) е дел од партиската игра наречена: така кажа премиерот. Тоа е игра со правила кои не секој ги знае, а кои отприлика одат вака: ако си роднина, пријател, комшија или близок соработник на премиерот одиш кај премиерот, и, му ја кажуваш својата желба. Ако не си роднина, пријател, комшија или близок соработник на премиерот, тогаш те препорачува некој роднина, пријател, комшија или близок соработник на премиерот. Со таа препорака, одиш кај премиерот и му ја кажуваш својата желба.

Премиерот ветува и вообичаено го исполнува ветувањето. Нема кај него лажги и измотавања. Кога ќе вети – ветено е.

Во конкретниот случај, група културни работници добиле информација дека е дадено вакво ветување.

И се спротивставија. Се спротивставија на даденото ветување и на изигрувањето на процедурите и критериумите и на долгогодишната пракса на потполно игнорирање на стручноста и знаењето во најголем број од именувањата на високи функционери во власта.

Второ прашање кое се поставува е што навистина пишува во писмото?

Она што јас можам да го прочитам во писмото е:

– Објаснување зошто се обраќаат до Заев, а не до оној кој формално го прави изборот и именувањето.

– Објаснување што претставува МКЦ за културата во Северна Македонија и како функционира под актуелното раководство.

– Објаснување зошто го преферираат за директор актуелниот директор, наместо човекот кој добил ветување.

Во писмото нема говор на омраза, нема дискриминирачки јазик, нема навреди врз етничка или некоја друга основа, нема вулгарности, нема етикети.

Писмото е став (многу личен и многу субјективен),  поткрепен со аргументи (за кои може да се расправа) и јасно искажана загриженост дека во културата ќе продолжи политичкото самоволие карактеристично за претходниот режим.

Третото прашање кое се поставува е што ни кажаа одговорите на ова писмо.

– Први се јавија властодршците и бранителите на власта (од кои многумина јавно кажаа дека не го прочитале писмото). Тие не одговорија на загриженоста на потпишаните дека станува збор за однапред решена работа. Ни соопштија дека треба да ги оставиме да си работат институциите и, дека се е според закон. Ги слушнавме двете најчесто повторувани фрази на груевизмот со што само се зацврстија сомнежите дека станува збор за ветување кое само треба да се исполни.

– Потоа се јавија тие кои од најразлични причини  во писмото го прочитале она што го нема. Тие во писмото виделе: примитивизам, напад, етничка нетрпеливост, дискредитација, малициозност, хајка, … Јас тоа не го видов. Меѓутоа во нивните писанија видов: директни навреди, внесување на комунизмот и комуњарите како лајт мотив на груевизмот, видов отворено лажење, етикетирање, омаловажување, закани.

– Најмалубројни беа тие кои сакаат да се отвори расправа за темата. Тие се обидуваат да го изнесат својот став, да понудат аргументи и да го искористат случајот за поставување на прашања кои имаат пошироко значење.

Што е проблемот според мене?

Тоа што се замолчува јавноста.

Тоа што се оневозможува контролата на власта.

Тоа што груевизмот продолжува да живее.

Тоа што се дава етнички призвук на сѐ и сешто.

Тоа што се превенира воспоставувањето систем на правила, процедури и критериуми и се стимулира партиското самоволие.

Тоа што не се наградува резултатот, туку лојалноста кон партијата.

На крај, сакам да кажам два-три збора за елитите. Само во еден извртен систем на вредности можеше да се развие стравот од интелектуалните елити. Интелектуалните елити се стручњаците и уметниците и професорите и докторите и научниците и… Секоја заедница треба да посакува интелектуални елити затоа што  токму тие се еден од значајните фактори на напредокот, оној прв лакмус кога нешто не е во ред со развојот и заштитата од било кој облик на диктатура и самовластие.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share230Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ