• Latest

За моралот на сите функционери и кројачите на јавното мислење

May 17, 2019

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026

Аферата „Алта банка“: Дали Мацура ќе проговори за газдите на парите и кој ја отвори вратата во Скопје?

November 11, 2026
Албин Курти (фото извор: ФБ страница на Албин Курти)

Курти бара промена на српската политика кон Косово по изборната победа на студентите

November 11, 2026
Абу Даби преговори за Украина, 10 ноември 2026 (CBS News screenshot)

Преговорите за Украина во Абу Даби: Главните прашања и изгледите за договор

November 11, 2026
Фото: веб страна на НАТО

Дронови над Балтикот: Латвија и Литванија активираа воздушна одбрана, НАТО активираше борбени авиони

November 11, 2026
Фридрих Мерц, 31 декември 2025 (скриншот од видеото објавено на официјалната веб страница на Канцеларот)

Мерц бара сите членки на ЕУ да учествуваат во финансирањето на Украина

November 10, 2026
Фотографија: Министерство за здравство

КОП31: Климатските промени се закана за здравјето, Северна Македонија се соочува со зголемен ризик од заразни болести

November 10, 2026
Фото: ВИ

Правосудниот испит на албански јазик ја тресе Владата – мириса ли на предвремени избори?

November 10, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Преговори во Абу Даби – Трамп зборува за „конечен крај“ на војната во Украина, Европа бара да биде дел од процесот

November 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

За моралот на сите функционери и кројачите на јавното мислење

May 17, 2019 11:22
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Две поенти произлегуваат од бранувањата во јавноста, поврзани со „случајот“ на пратеникот Павле Богоевски. Едната, секако се однесува на него. Другата, според мене, уште поважна поента е дека зад ова „обелоденување“ стојат подземни политички и гангстерски служби што со невидена леснотија го насочија вниманието на македонската јавност онаму каде што сакаа, а го одвратија од потребата и барањата за правда во оваа наша земја. Да тргнеме со ред.

Џабир Дерала

Ако треба пратеникот Богоевски да поднесе оставка за да се исчисти Парламентот од грешници, нека почне игранката! Нека биде тоа првата „жртва“ во конечното пристигнување на моралните вредности во македонскиот парламент. Не се сомневам дека со своето признание, Богоевски самиот си потпиша барем дел од пресудата.

Еве, да го земеме овој престап (со или без наводници, бирајте сами), како единица мерка за оценка на моралниот и политичкиот интегритет на сите што имаат некаква позиција во системот. Па, откако тој ќе биде повикан на одговорност и најмалку што ќе се очекува од него е да поднесе оставка од пратеничката функција, но потоа сите други мора да бидат соочени со својата одговорност пред законот и пред етичките начела. А потоа, да се тргне во поход за расчистување на вистинскиот криминал што се одвива пред нашите носови. По општините, по институциите, по партиите, па сѐ до владата (или обратно, како сакате).

Поставете си ги прашањата: Колкумина ќе останат во парламентот? Колкумина ќе останат на универзитетите, во општинските совети и други нивоа на власта? Колкумина ќе останат во министерствата и во министерските фотелји?

Не се обидувам да го поштедам Павле. Нека го решат неговиот случај институциите и, се разбира, неговата совест. Но, тоа што би било навистина праведно и доблесно е сите да одговараат за сето избегнување, манипулирање, а често и силување на законите, професионалните стандарди и етички начела.

И, во сета оваа врева, се заборава дека подеднакво штетно и загрижувачки е тоа што подземните пропагандни машинерии го управуваат јавното мислење според потребите на центри на моќта што ни најмалку не се засегнати со владеењето на правото и моралот во политиката и практикувањето на власта. Едноставно, ова општество не успеа да изгради критичка јавност отпорна на влијанието на политичката гангстераана што ни ги крои тикерите на вестите, ни ги обојува социјалните мрежи и медиумите во боја каква што сака. И, поминуваат неказнето. Утре, тоа може да биде порака, содржина или „бомба“ што од корен ќе ги разнишаат односите меѓу заедниците или ќе удрат по стабилноста и безбедноста на државата по некоја друга основа. Тоа не смее да го дозволи општество во кое владее политичка култура во чии пазуви се негуваат високи цивилизациски и европски вредности. Уште еднаш, овде говорам за две различни работи: случајот со трансгресијата на пратеникот и правно политичката одговорност негова и на сите други, од една, а од друга страна, неизмерната потреба да се изгради отпорност кон дивеењето на подземните пропагандни и политички центри кои нашето општество и државата ги прават исклучително ранливи. Не е тешко, само треба кратко да се размисли со ладна глава за секоја вест што ни ја пласираат од едни, други или трети страни. Некои тоа го нарекуваат и медиумска писменост.

За крај, за нешто убаво…

Денеска (17 мај), се сеќаваме на најголемиот граѓански протест во историјата на нашата земја кога, според светските медиуми, 70-100 илјади граѓанки и граѓани излегоа на улиците и бараа оставка од криминалната влада на Груевски и Фамилијата и враќање на демократијата, владеењето на правото и почитување на човековите права, можеме да се потсетиме и на надежите, барањата и ветувањата што беа изговорени на говорницата пред грдата зграда на владата. Протече многу вода од тогаш. Правдата сѐ уште ја чекаме.

Share104TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ