• Latest

За новогодишното украсување низ земјава потрошени 675 илјади евра

January 15, 2020

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

За новогодишното украсување низ земјава потрошени 675 илјади евра

January 15, 2020 11:50
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

За дочекот на новата 2020 година, Град Скопје и 20 општини потрошија 675 илјади евра, покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации. Споредено со претходната година намален е бројот на општини што се украсени, но е зголемена вредноста на тендерите. Дури 91 % од парите за украсување на улиците и плоштадите за дочекот на Новата 2020 година завршија кај две скопски фирми, Линк Медиа Плус и Метал-Вет-Ел.
За разлика од претходната година кога новогодишните декорации ги красеа Градот Скопје и 26 општини во вкупна вредност од 615 илјади евра, оваа година, тендери за украсување спроведоа 20 општини и Градот Скопје во вкупна вредност од околу 675 илјади евра, што е за 10 % повеќе од минатата година.

Околу 490 илјади евра односно 73% од парите за новогодишното украсување се потрошија во Скопје и тоа од градските власти и од општините: Центар, Аеродром, Карпош, Чаир, Бутел, Гази Баба и Шуто Оризари.
Според дата базата на Центарот за граѓански комуникации, само Град Скопје за украсување на јавните површини потроши околу 285 илјади евра што е удел од 42% од вкупните пари за оваа намена. Гледано во период од 5 години, Градот Скопје не ја смени фирмата со која го склучува договорот, но од година во година ја менуваше вредноста на договорите и тоа главно во нагорна линија. Оттука, вредноста на договорот за украсување на градот за дочекот на Новата 2020 година е за речиси 70% поголема од договорот склучен за дочекот на Новата 2016 година, се вели во анализата.

Гледано од аспект на фирмите кои украсуваат за Нова година, како и минатата година, најголем број на договори има скопската фирма Метал-Вет-Ел, но вредносно најголем удел има скопската фирма Линк Медиа Плус. (Подетален приказ е даден во базата на податоци која е во отворен формат). Поконкретно, Метал-Вет-Ел има склучено 9 договори за новогодишно украсување (во 2018 година имаа склучено 11 договори) во вкупна вредност од 190.737 евра (3 % повеќе од претходната година). Линк Медиа Плус, пак, има склучено 5 договори (во 2018 година имала 2 договори) во вредност од 424.828 евра (41 % повеќе од претходната година).

Освен што договорите ги добиваат истите фирми, продолжува и старата навика на задоцнето објавување на огласите за јавна набавка на новогодишно украсување што секако неповолно влијае врз конкуренцијата и ги оневозможува потенцијалните понудувачи потемелно да ја подготват реализацијата на договорите. Оттука е очекувано дека на тендерите со вака кратки рокови ќе аплицираат само фирми кои веќе ги имаат на залиха новогодишните украси, покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации.

П. К.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ