• Latest

За спречување повреди и несреќи на работа да се спроведува регулативата

August 26, 2019

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Колку нашата држава е спремна да се справи со пожарите?

July 7, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензиите со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025
Фотографија: Скриншот - Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (faz.net)

„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“: Концертот на Томпсон во Загреб – рехабилитација на усташкиот режим пред половина милион луѓе

July 7, 2025
Фото: Wikimedia commons

Јулска сесија на Европарламентот, на агендата и Извештајот на Вајц за земјава

July 7, 2025
80 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo: Screenshot Sky Tv

Во поплавите во Тексас загинаа најмалку 80 луѓе, меѓу кои 28 деца

July 7, 2025

(ГРАЃАНСКИ ФОРУМ) РЕАКЦИИ: Да се воведе данок на глупост за да се пополни буџетот, да се изгласаат уставните измени или да си одат – им порачаа граѓаните на властите

July 7, 2025
Фото: ДЗС

Нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Израел изврши напади врз цели на Хутите во Јемен, први по прекинот на огнот меѓу Израел и Иран

July 7, 2025
Фото: News Coverage  / Инстаграм

Украина спроведe една од најоддалечените операции на саботажа на руската воена инфраструктура во близина на Владивосток

July 7, 2025
фото: ДЗС

ДЗС: Активни четири пожари, два полициски и еден армиски хеликоптер го гаснат пожарот над магистралниот пат Скопје – Блаце

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

За спречување повреди и несреќи на работа да се спроведува регулативата

Во текот на 2018 година официјалната статистика регистрирала 846 повреди на работните места во земјава. Од Македонското здружение за заштита при работа, (МЗЗПР), пак, истакнуваат дека оваа статистика во голем дел се разликува од статистиката што тие ја имаат во однос на повреди на работни места и оти нив ги има во многи поголем број, а особено, како што велат, во однос на бројот на смртни последици. Според нив, по еден човек неделно во земјава умира на работното место.

August 26, 2019 13:04
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на 2018 година официјалната статистика регистрирала 846 повреди на работните места во земјава. Од Македонското здружение за заштита при работа, (МЗЗПР), пак, истакнуваат дека оваа статистика во голем дел се разликува од статистиката што тие ја имаат во однос на повреди на работни места и оти нив ги има во многи поголем број, а особено, како што велат, во однос на бројот на смртни последици. Според нив, по еден човек неделно во земјава умира на работното место.

Како што беше речено денеска на шестата сесија на Работната група 2 (Социјална политика и вработување – Поглавје 19) од Националната конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК), освен повредите и смртните случаи на работните места, проблем се и професионалните заболувања за кои, како што велат од МЗЗПР, никој не прави соодветна анализа. Учесниците на оваа сесија се согласни во ставот дека за надминување на ваквите состојби, освен законската регулатива, е потребна и нејзина целосна примена, ангажирање на сите експерти од оваа област при изготвување на проценката на ризик, но социјален дијалог со вклучување на сите засегнати страни.

Државниот секретар во МТСП, Јована Тренчевска, која ги соопшти бројките од Институтот за јавно здравје, појасни дека од официјално заведените повреди, најмногу и натаму се во индустријата и рударството. Од повредите, во 58 отсто слулаи се повреди на мажи, а најголем дел од сите повреди се случиле на работни места во компании во Скопје.

– Спречувањето на вакви ситуации, намалување на можностите за настанување на несреќи, намалување на ризиците, спречување или намалување на влијанието на штетностите и опасностите со кои се соочуваат или доаѓаат во допир работниците при нивната работа е нешто на кое сите ние претставници на институции, работодавачи и синдикати, здруженија… мора заедно и координирано и поинтензивно да работиме, рече Тренчевска.

Тоа, додаде, е особено значајно сега во време на промени глобално и локално, промени кои неизбежно ја менуваат работата, работните места, условите и формите на работа.

Претседателот на МССПР Милан Петковски истакна дека состојбите во земјава во оваа сфера се далеку од идеални. Статистиките, рече, тоа го покажуваат.

-Официјалната статистика и она што ние го водиме како статистика во голем дел се разликува. Според едвиденцијата што ја водиме од 2007 година, секоја година во просек, се разбира има и нагорна и надолна линија, по еден човек неделно гине на работните места. Спорно е дали тоа го евидентираат одредени иснтитуции, дали тоа спаѓа во нивите евиденции, но факт е дека по еден работник неделно гине на работно место, рече Петковски, обраќајки се на сесијата на тема „Безбедност и здравје на работниците на работното место: Национални услови и европски перспективи“.

Според него, ваквите состојби не се решаваат со закон, туку и со ангажман на стручни лица за проценка на ризик за да може да се овозможи соодветна заштита.

-Законот не е ништо друго, освен договор каде трите страни седнале и се договориле, односно двете страни, а државата посведочила и се обврзала дека ќе го спроведува во име на овие двете –  работниците и работодавачите, рече Петковски.

На дебатата учествуваа експерти од НКЕУ-МК кои одговораа на  прашањата за ефикасна имплементација на Законот за заштита при работа од 2007 година, бидејќи, како што посочува организаторот,  реалноста сигнализира дека во нашата држава, и покрај законските одредби, бројот на несреќи при работа постојано се зголемува.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ