• Latest

За три месеци силувани четири деца, меѓу монструмите се татко, роднина, наставник…

August 16, 2023

Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

October 1, 2025
Фото: Амбасада на САД во Северна Македонија/ Фејсбук

Поради затворањето на американската влада, Фејсбук сметката на амбасадата на САД нема да се ажурира регуларно

October 1, 2025
Џелал Незири
Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Незири во интервју за ЦИВИЛ за клучните геополитички и локални предизвици – остро и директно

October 1, 2025
фото: Фејсбук на Изет Меџити

Меџити: Османи доктор на Тик-Ток, ама не за Чаир – ДУИ ја продаде каузата на Албанците за српски банки и казина

October 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на DawnNews English

Италијанската премиерка ѝ наложи на флотилата за помош за Газа да запре или ризикува да стане изговор за спречување на мирот

October 1, 2025

Ден на бранителите и бранителките на Украина

October 1, 2025

Народен правобранител: Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право за локалните избори

October 1, 2025

„Неслушнатите 12 милиони“ – Советот на Европа со повик за акција за правата на Ромите и Патниците

October 1, 2025
Фотографија: МВР

Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ: За што сè треба да се подготват патниците

October 1, 2025
Пожар избувна во рафинеријата за нафта Ново-Јарославски во рускиот град Јарослав на 1 октомври 2025 година. Фото: Руски Телеграм канал Астра

Пожар избувна во голема руска рафинерија за нафта во Јарослав по наводен инцидент „предизвикан од човек“

October 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

За три месеци силувани четири деца, меѓу монструмите се татко, роднина, наставник…

Полицаец од Демир Капија го силувал својот 17-годишен син.

August 16, 2023 14:51
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Татко од Кавадарци ја силувал својата 7 годишна ќерка“; „лице со двојно македонско и холандско државјанство во Гевгелија извршил полово дејствие врз 12 годишно дете“; 70-годишник извршил друго полово дејствие спрема 11-годишно девојче на кое му одржувал дополнителни часови“, полицаец од Демир Капија го силувал својот 17-годишен син, соопштуваат од ОЈО, во изминатите неполни три месеци.

Денеска Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишник за кого постои основано сомнение дека подолг временски период вршел други полови дејствија спрема неговата ќерка родена во 2016 година.

„Постои сомнение дека тој во повеќе наврати, во текот на 2022 и 2023 година, искористувајќи што со девојчето живеел во иста семејна заедница, и прикажувал видеа со порнографска содржина и кон неа продолжено вршел други полови дејствија, санкционирани во член 188 став 5 од Кривичниот законик. По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци определи мерка притвор во траење од 30 дена за осомниченото лице“, велат од ЈО Кавадарци.

Полициски службеник од Демир Капија доби еден месец притвор за родосквернавење врз сопствениот син, информираа денеска од Основен суд Кавадарци.

„Постапувајќи по предлогот на ОЈО Кавадарци за постоење основано сомнение за сторено кривично дело родосквернавење врз сопствениот син кога бил на возраст од 17 години по чл. 194 ст. 1 од КЗ, а во согласност со чл. 165 ст. 1 т. 3 вв чл. 168 од ЗКП и чл. 162 вв чл. 69 ст. 4 од ЗКП, судијата на претходна постапка Лидија Ридова на ден 16.08.2023 донесе решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена спрема лицето З.П. полициски службеник од Демир Капија на возраст од 50 години“, соопштија од Судот.

На 8 август јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице со двојно македонско и холандско државјанство, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик пришто му одреди 30 дневен притвор.

„Осомничениот, на 4 август, во неговата куќа во гевгелиско, извршил полово дејствие врз дете родено 2011 година, искористувајќи го моментот кога детето останало само со него во куќата“, велат од ЈО Гевгелија.

На 26 јули Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 63-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил три кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот законик, од кои едното полово дејствие го извршил пред дете кое наполнило 14 години.

На 24 јули, патувајќи со воз, во близина на Скопје, осомничениот во еден од вагоните се доближил и започнал да допира малолетно девојче родено 2006 година кое патувало со возот. Тоа вознемирено се преместило на друго седиште, по што осомничениот продолжил кон друг вагон. Таму седнал спроти други две жртви и започнал да се самозадоволува на јавно место. Оштетените видно исплашени си ги зеле своите работи, го напуштиле вагонот и го пријавиле. Во возот влегле овластени службени лица, кои го привеле осомничениот и го однеле во полициска станица, велат од ЈО Скопје.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од криење односно дека ќе се даде во бегство, постои оправдан страв дека ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и вештаците, како и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело. Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

На 23 јуни Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторил полови дејствија врз дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 5 од Кривичниот законик.

„Осомничениот 70-годишник, извршил друго полово дејствие спрема 11-годишно девојче на кое му одржувал дополнителни часови“, велат од ЈО Скопје.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост со цел обезбедување на неговото присуство и непречено водење на кривичната постапка: забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање патна или друга исправа на осомничениот за преминување на државна граница односно забрана за нејзино издавање, забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти или врски со детето/жртва, забрана за одржување часови на други деца и забрана за посетување на домот на семејството на детето жртва.​

За полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години според Крицичниот законик стои:

Член 188

(1) Тој што ќе изврши обљуба или друго полово дејствие врз малолетник кој не наполнил 14 години, ќе се казни со затвор од најмалку осум години.

(2) Ако делото од став 1 го изврши крвен сродник во права линија или брат, односно сестра наставник, воспитувач, посвоител, старател, очув, маќеа, лекар или друто лице со злоупотреба на својата положба или при вршење семејно насилство, ќе се казни со затвор најмалку десет години.

(3) Со казната од став 2 ќе се казни и тој што делото од став 1 ќе го стори со малолетник кој не наполнил 14 години со злоупотреба на неговото душевно заболување, душевна растроеност, немоќ, заостанат душевен развој или друга состојба поради која е неспособен за отпор.

(4) Ако поради делата од ставовите 1 и 2 настапила тешка телесна повреда, смрт или други тешки последици или делото е сторено од страна на повеќе лица или на особено суров или понижувачки начин, сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години.

(5) На сторителот на делото од ставот (2) на овој член судот ќе му изрече забрана за вршење на професија, дејност или должност под условите од членот 38-б од овој законик.

Обљуба со злоупотреба на положбата

Член 189

(1) Тој што со злоупотреба на својата положба ќе наведе на обљуба или друго полово дејствие лице кое спрема него се наоѓа во однос на подреденост или зависност или со иста намера го малтретира, застрашува или спрема него постапува на начин со кој се понижува човековото достоинство и човековата личност, ќе се казни со затвор најмалку пет години.

(2) Наставник, воспитувач, посвоител, старател, очув, лекар или друго лице кое со злоупотреба на својата положба ќе извриш обљуба или друго полово дејствие со малолетно лице постаро од 14 години кое му е доверено заради учење, воспитување, чување или нега, ќе се казни со затвор најмалку десет години.

(3) На сторителот на делото од ставот (2) судот ќе му изрече забрана за вршење на професија, дејност или должност под условите од членот 38-б на овој законик.

Задоволување на полови страсти пред друг

Член 190

(1) Тој што пред друг врши полово дејствие на јавно место, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

(2) Тој што пред дете врши полово дејствие или што ќе наведе дете пред него или пред друг да врши такво дејствие, ќе се казни со затвор од три до пет години.

Д. М.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Претседателката реши да го замете дворот на ЕУ, наместо прво да погледне во својот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ