Владата на вчерашната седница реши да се дозволи функционерите да патуваат во странство, но по нивното враќање, да не бидат спроведени во задолжителен карантин.
– Владата заклучи дека може да се дозволи патување во странство на избрани и именувани лица во странски држави со почитување на препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести, за одржување на потребно растојание, носење на лична заштитна опрема. Заради координации и други работни активности, поврзани со мерките за ковид-19, како и поради други итни причини кои не трпат одлагање без спроведување на овие лица во државен карантин, по нивното враќање во државата – рече Спасовски.
За останатите граѓани на државата не важи ова правило, и при враќањето од странство од земјите кои се со висок, среден или низок ризик, тие ќе бидат спроведени во државен карантин каде треба да останат 14 дена.