• Latest

Забрчанец: Медиумскиот фонд ќе помогне и за домашна продукција на македонски јазик, што ни е насушна потреба

May 8, 2021

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Забрчанец: Медиумскиот фонд ќе помогне и за домашна продукција на македонски јазик, што ни е насушна потреба

May 8, 2021 09:34
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Северна Македонија има недостатог од домашна продукција. Сведоци сме на информативни, културни и едукативни содржини во македонскиот етер на други јазици, од други држави. Медиумскиот фонд, од каде би се издвојувале средства за истражувачки медиумски проекти и средства за проекти од јавен интерес, би помогнал во продукција на македонски јазик и на јазиците што се зборуваат во нашата земја,  изјави националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец.

Во гостување на „Тера ТВ“ додава дека таков предлог има пристанато од повеќе страни дури и дека таков медиумски фонд не е нова идеја.
-Дигитално е живеењето денес. Гледаме непречено содржини од соседите и други земји, но сите го знаеме чувството дека ни недостасува домашна македонска содржина, истакна Забрчанец.
Појасни дека средствата за тој фонд би се обезбедиле со одвојување на одреден процент од даноците кои што бизнисите ги плаќаат на државата.
-Проценката е милион и пол до два и пол милиони евра годишно, за продукција на домашни содржини, за истражувачко новинарство, за едукативни содржини и продукти кои што излегуваат од медиумите на теми од јавен интерес, но и за обуки и јакнење на капацитетите на медиумските работници, што се проценува дека недостасува во медиумскиот сектор“ изјави Забрчанец.
Тој додаде дека веќе трета година е активна програмата за поддршка на печатените медиуми, каде што до 50 отсто се покриваат трошоците од минатата за печатење и дистрибуција на весниците.
-Тој модел, таа програма беше поддржана и од  медиумските здруженија и од новинарските здруженија и од самите печатени медиуми и еве трета година по ред функционира. А гледаме дека печатените медиуми не се навивачи за власта. Тој модел покажа дека се вложиле средства од државните буџет за печатените медиуми, но тоа не бил за сметка за корупмирање на медиумите или купување на нивната уредувачка политика, потенцира Забрчанец.
Во интервјуто ја истакна значајната улога на медиумите во однос на информирањето на граѓаните за заштитните мерки од Ковид-19 и честиташе на сите медиумски работници за професионализмот и посветеноста со која ја информираат јавноста не само за вакцинацијата, туку,како што рече, од самиот почеток кога се учевме сите себе си како да се поставиме виза ви заштитните мерки, односно јавноста во целиот свет учеше кои мерки се најефикасни.
Оцени дека медиумите и медиумските работници имаат придонес во спасување човечки животи и изрази благодарност во име на Владата.
Посочи на неопходност од кампања за  едукација за вакцините, бидејќи само половина од населението е подготвено да се вакцинира.
-Во овој момент добиваме информации од различни истражувања дека само половина од населението во Северна Македонија е подготвено да се вакцинира. Тоа подразбира дека мораме да ја интензивираме комуникацијата, едукацијата и информираноста на населението, што подразбира нужна потреба од кампања од јавен интерес, едукативна и информативна, којашто во никој случај не смее и не може да биде политичка, ни идеолошка, бидејќи вирусот не бира ни по раса, ни по вера, ни по политичка припадност, истакна Забрчанец.
Тој нагласи дека праксата од минатото, кога претходната власт, која злоупотребуваше и користеше милиони средства пари на граѓаните под превезот на владино рекламирање, со цел да корумпира медиуми, не постои повеќе.
Посочи и на тоа дека во член 102 од Законот за АВМ ќе предложат измена, која предвидува дефинирање на исклучок од забраната со цел да се може да се предвидат средства од буџетот за да се информираат граѓаните во случај на потреба на заштита на јавно здравје, заштита на безбедноста или други теми од висок јавен интерес, како што е на пример пописот, борба против корупција
Тој нагласи дека со предложените измени ќе остане на сила забраната за владино себерекламирање и за политички кампањи што го делат народот.
-Во предлогот има два клучни заштитни механизми, и тоа формирање независна комисија, тело кое што ќе дава мислење дали одредена тема е од јавен интерес или не, да не ни текне нам ни на некоја идна влада, да си прави кампањи за се и сешто како што беше примерот со претходните, рече Забрчанец, додавајќи дека вториот заштитен механизам е распределбата на буџетските средства, која нема да ја прави владата, туку софтвер со точно утврдени критериуми, кој клуч за распределба може да го администрира и оперира кој било субјект, нека бидат тоа новинарските здруженија.
Потенцираме дека по предлогот што го дефинираме, ќе следат состаноци со сите здруженија, медиумски работници, сите заинтересирани, а заштитните механизми ќе се проверат со Венецијанската комисија, нагласи Забрчанец.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ