• Latest

Заев: Без разлика каква и да биде одлуката на Владата за Пауновски, соработката со него ќе продолжи

April 27, 2021
Скриншот од снимка на која севернокорејските војници наводно помагаат во директен оган врз Украина, 16 октомври. Фото:Генерал штаб на Украина

Ажурирани  вести од војната во Украина: Севернокорејски војници ја гранатираат Сумската област, деокупирани 180 квадратни километри во Покровск, украински дронови погодија руска рафинерија во Саратовската област

October 16, 2025
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025
Политичкиот аналитичар Бесим Небиу на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Небиу: Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок

October 16, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Без разлика каква и да биде одлуката на Владата за Пауновски, соработката со него ќе продолжи

April 27, 2021 13:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека ги слушнал аргументите на инспекторите и детално ќе ги прочита материјалите што му ги доставиле пред носењето на одлуката околу разрешување на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски на денешната владина седница.

– Имавме денеска средба со тројца вработени во Државниот пазарен инспекторат и во делот на човечки ресурси и во делот на инспекторите во државата. Присутни беа застапници и на Македонците и на Албанците. Добри се луѓето, работат. Се видовме, поразговаравме, ги кажаа своите аргументации, имаа пофални зборови за својот директор Стојко Пауновски. Ги кажаа аргументациите кои тие мислат дека се важни да ги споделат со мене како претседател на Влада и со потпретседателот Љупчо Николовски. Ги ислушавме, разговаравме и денеска нивните аргументи ќе ги презентираме на владина седница, а потоа Владата ќе донесе одлука, изјави Заев, одговорајќи на новинарско прашање на отворањето фабрика во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје 2 во Бунарџик за производство на специјализирани производи од медицинско стакло и пластика на германската компанија „Гересхајмер“.

Премиерот Заев посочи дека својот став за разрешување на Пауновски ќе го каже на владината седница. – Сакам искрено на враќање од овде детално да ги прочитам материјалите што ми ги дадоа инспекторите непосредно пред да дојдам овде. Тие усно ги образложија, јас ги разбирам тоа што го кажаа, но оставија значајни материјали кои сакам да ги прочитам. Вредно е затоа што тоа ќе влијае на моето оформување на ставот, рече Заев, додавајќи дека сепак Владата одлучува за тоа.

Заев информира дека дел од аргументите на инспекторите се дека Пауновски бил добар човек, дека го унапредил работењето на Државниот пазарен инспекторат, дека се реализирани нови вработувања, нова опреа, како компјутери, целосно екипирање на институцијата, за добриот колегијален однос воспоставен меѓу колегите…

Премиерот Заев смета дека комуникацијата не треба да оди преку медиумите и додаде оти коалицискиот партнер ДУИ нема никакво барање до него во делот на разрешување или неразарешување на Стојко Пауновски.

– Од 10 дена, седум дена да се инаетите со потпретседател на Влада преку медиумите, а притоа да не дојдете во Владата и да побарате разрешување, или спротивставување на различностите во гледањата, не е дозволиво. На крајот во четвртокот минатата недела се обидов да го добијам, не можев, потсети Заев, додавајќи дека директорот Пауновски е биран од оваа Влада, политички поставен на таа функција и оти е еден од неговите први соработници со кого има воспоставен однос.

Тој нагласи дека без разлика каква и да биде денеска одлуката на Владата за Стојко Пауновски, соработката со него ќе продолжи.

– Но, се работи за принцип. Ако Владата не постапи и не преземе ништо, зошто и останатите 1.179 директори во државата да не водат полемики во медиумите, да не ги спроведуваат законите, да не ги спроведуваат одлуките, вели Заев.

Тој додаде дека не им е лесно ниту нему, ниту на вицепремиерите Артан Груби и Љупчо Николовски да прераспределат над 1.300 лица, но, како што нагласи, тоа е нивна обврска и мора да ја спроведат.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ