• Latest

Заев: До 30 јули одлуката за референдум на 30 септември, ако треба и без ВМРО-ДПМНЕ

July 25, 2018
Проф. Оливер Андонов (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Едногодишен помен

June 29, 2025

Лариса Дир: Цела ноќ во Украина имаше воздушна тревога – рф нападна цивили со 477 дронови и 60 ракети

June 29, 2025
Газа, фото: принтскрин Х

Убиени најмалку 56 луѓе во израелските напади врз Појасот Газа

June 29, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Пожарот во „Пулс“ да не остане уште една трагедија затворена во архивите на неправдата, институциите да побрзаат со постапките

June 29, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Трамп ги повика Израел и Хамас да постигнат договор во Газа

June 29, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Белград по антивладините протести – мирно, но напнато, десетици уапсени, најмалку двајца повредени

June 29, 2025
Фото: Скриншот Х

Десетици приведени, повредени полицајци и граѓани по протестите во Белград

June 29, 2025
Фото: принтскрин Х

Убиени 16 војници во самоубиствен напад во Пакистан, Индија демантира дека е вмешана

June 29, 2025
фото: ВИ

Во израелскиот напад врз затворот Евин, во Техеран, загинаа 71 лице

June 29, 2025

Белград, протести и паралели: Меѓу симболите од минатото и потрагата по иднината

June 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: До 30 јули одлуката за референдум на 30 септември, ако треба и без ВМРО-ДПМНЕ

July 25, 2018 15:06
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев верува дека до 30 јули Собранието ќе донесе одлука за распишување на референдумот, кој, како што изјави денеска во одговор на новинарско прашање, ќе го организираат и без опозициската ВМРО-ДПМНЕ во случај со нив да не се постигне договор за што во тек се разговори на парламентарно ниво. 

Во случај да не се постигне договор со ВМРО-ДПМНЕ очекува соодветно позиционирање на нивните пратеници за одлуките за распишување на референдумот, но и пред јавноста. Тие, според Заев, мора да кажат кој им е ставот, дали ќе бидат за бојкот, тивок бојкот, за повик за референдум, а да гласаат против, ќе бидат  за повик, а граѓаните слободно да одлучуваат. Тоа е нивно право, но должност на сите е да обезбедат процесот да биде успешен, изјави Заев, по старот на инвестицијата на турската компанија „Мурат Тиџарет“ во Бунарџик.

Заев не гледа потреба да свика нова лидерска средба, но посочува дека е отворен за сите аспекти, и ако е потребно може да биде свикана и од Христијан Мицкоски, со кого може да се видат и во Парламентот и да разговараат  телефонски.

– Немам проблем, само да изнајдеме решение затоа што деновите се броени и одлуките мора да се носат, рече Заев.

Прнесувајќи детали од разговорите наведе дека е договорено датумот за референдумот да биде колку што е можно порано заради тоа што при успешен референдум, би следувале уставни промени за кои се потребни меѓу 100 и 120 дена за до крај на јаунари и февруари Грција да го ратификува договорот.

– Заедно утврдивме тоа да биде колку што може порано дури го спомнавме и датумот 30 септември. Тоа значи дека до 30 јули сега треба Парламентот да донесе одлука. Не сакам да навлегувам во ингеренциите и надлежностите на Парламентот, но верувам дека ќе се стаса ако се успее сите процеси да се придвижат и ако навистина Парламентот биде посветен, за да завршиме порано заради државните интереси, изјави Заев посочувајќи дека и покрај можноста да се додаде една или две недели, посакува 30 јули да биде датумот за одлука на Парламентот за да може да има  референдум на 30 септември.

Пренесувајќи ги разговорите за карактерот на референдумот за кој ставот на власта е тој да биде консултативен, потенцираше дека се флексибилни заради тоа што одлуката се смета за успешна ако мнозинството од граѓаните гласаат за и ако гласаат 50 проценти плус еден гласач од вкупниот број на избирачи.

– Отворени сме за расправа за ова прашање дали да биде консултативен или обврзувачки, на крајот одлуката е задолжителна затоа што граѓаните теоретски може да излезат милион, а ако 600 илјади гласаат за, а 400 илјади гласаат против тогаш политичарите ја спроведуваат одлуката, гласаат во Парламентот и постигнуваме консензус. Ако излезат милион гласачи, 600 илјади се против, а 400 илјади се за, тогаш не важи Договорот со Грција. Ако излезат 800 илјади гласачи, 600 илјади гласаат за, а 200 илјади се против тогаш граѓаните не донеле одлука. Ако нема исполнет цензус нема одлука како што е по Уставот и тогаш останува институциите да одлучат, Парламетнот да гласа за уставни промени или да гласа против уставни промени, рече Заев.

Проблемот, според него, е околу прашањето затоа што, како што рече, чесно, јасно образложливо, едноставно и фер кон граѓаните е да им се соопшти прашање кое што е основ за постигнување на Договорот со Грција за нашите интеграциски перспективи.

– Затоа, поставивме прашање-дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција. Од опозицијата добивме контра прашање  кое гласи – дали сте за поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција потпишан од министерот Никола Димитров и Никос Коѕијас во Серадес (Нивици), кој што целосно го уништува македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската култура и македонската национална посебност. Тоа не е точно и ние не можеме да поставиме такво прашање на граѓаните, рече Заев, истакнувајќи дека Владата сака за прашања од национален интереес да се застане заедно, но оти граѓаните треба да знаат дека единствено е фер да се постави прашање кое е логичко на моментот во кој се живее и одлуките кои се очекуваат.

Како што рече Заев, граѓаните ќе излезат на референдум, убаво е опозицијата  да ги каже своите ставови, заедно да се формулираат прашањата и заедно да се застане зад нив. Но, укажа дека не може да се постави едно прашање дали сте за ЕУ, дали сте за НАТО друго прашање, а трето прашање дали сте за Договорот со Грција. Ќе ги заокружиме првото и второто, а за третото сме против и тогаш која е целта на референдумот. Тогаш да поставиме и четврто прашање – дали сте согласни следниот претседател на Америка да биде од Македонија, рече Заев потенцирајќи дека целта е сите да бидат сериозни.

Премиерот апелира референдумот да се одржи како успешен процес и притоа да се гарантира валидност и вреднување и на тие што ќе гласаат за и на тие што ќе гласаат против. Процесот треба да биде доволно мотивирачки за граѓаните да излезат и да донесат одлука.

– Мораме сериозно да се поставиме, јас сум отворен, дијалогот може да продолжи, можеме да комуницираме веќе тоа поминува во Парламентот, и тој  треба да ги носи сите одлуки, но апелирам да се исправиме и да ја понесеме историската одговорност, конечно граѓаните ќе одлучуваат за вакво историско прашање. И зошто да се плашиме од одлука на граѓаните. Нели референдумот е врвот на демократијата? Ајде да овозможиме овој референдум да биде успешен процес. Ако јас гласам за, а Христијан Мицкоски гласа против, моето за мора да биде исто вредно како неговото не, оти тој има една алатка повеќе – да ги задржи гласачите дома, барем неговите членови, и тогаш е безвредно моето за, рече Заев.

Во однос на тоа дали Мицкоски се согласил со референдумското прашање што го предлага Заев во замена за амнестија, премиерот вели дека за промена на членовите 353 и други членови во Кривичниот законик не сакале да разговараат и нема да разговараат се додека тие промени допираат во кој било случај на Специјалното јавно обвинителство.

Заев посочи дека ако промена на еден член од Кривичниот законик целосно или делумно урнисува предмет на СЈО тогаш тоа е директна  или индиректна амнестија.

– Тоа право го нема ниту Мицковски, ниту Заев, затоа што владеење на право мора да има. Ако некој помисли вакво нешто првин  граѓаните ќе се откажат од нас, а земјите членки во процесот на интеграција ќе не блокираат, укажа премиерот.

Апсолутно, доплни Заев, преговори од овој аспект немаше. – На последниот ден на дискусијата на лидерската средба ВМРО-ДПМНЕ ги повлече овие барања и реално го гледате и чекорот од нас што го направивме, но редно е да се договориме за референдумот. Уверен сум дека може да се постигне договор заради тоа што дефинитивно тоа и е потребно на Македонија, одговорност најмногу носи Владата, а одговорност носи и опозицијата. Верувам дека ќе успееме во процесот заедно, а ако не ќе успееме сите наши граѓани што сакаат да успее, посочи Заев. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ