-Не ја гледам здравата логика да се протестира за покачување на струјата, кога таа и сега е поевтина во споредба со 2017 година како што ја затекнавме, оцени вечерва премиерот Зоран Заев во емисијата „Отворено студио“ на НТВ.
-Просечна сметка за струјата во 2006 година беше 822 денари, а во 2017 година 1.635 денари, односно покачена за 100 проценти, со воведувањето на евтината тарифа на струјата, сметката се намали на 1.309, односно падна за 326 денари заради евтината тарифа, појасни Заев.
Додаде дека и со сегашното покачување е 228 денари поевтина од 2017 година.
-Државата прогресира Мицкоски протестира, за што, да си ја задржи фотелјата. Од друга страна чесно е да е се дадат 100 дена на владата, а не да се протестира по петтиот, шестиот ден, рече премиерот Заев во интервјуто за НТВ со уредници и новинари
За денеска попладне во Скопје се најавени два протестни марша против поскапувањето на електричната енергија. Ќе протестираат ВМРО-ДПМНЕ , со почеток во 14 часот, и конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ) од 18 часот.
На првиот протест на ВМРО –ДПМНЕ, што се одржа пред два дена ( во среда),од страна на протестантите од ВМРО –ДПМНЕ беше нападната новинарската екипа на Ал Џезира.
Д.Т.