• Latest
фото: МИА

Заев и Николовски со писмо до Собранието: Борбата против корупцијата е целта околу која мора да се обединиме

March 22, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев и Николовски со писмо до Собранието: Борбата против корупцијата е целта околу која мора да се обединиме

March 22, 2021 13:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
фото: МИА

фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, доставија писмо упатено до претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и до целиот пратенички состав, за важноста на законодавниот дом во процесите поврзани со борбата против корупцијата и криминалот.

Во писмото се посочува на потребата од единство во носењето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, заедно со Акцискиот план за нејзино функционирање како и за потребните законски измени поврзани за навремена реализација на дел од мерките од оперативниот План за борба против корупција.

„Тргнуваме од потребата да се елиминираат пречките и да го унапредиме системот, односно да обезбедиме институциите секогаш да стојат во првите борбени редови против корупцијата. Институциите да обезбедат укажување, спречување, препознавање и санкционирање секаков вид корупција во сите редови на власта без исклучок. Со ова писмо Ви се обраќаме Вам, почитувани пратеници, како клучна алка за донесувањето на потребната законска рамка и регулатива и како одговорни за контролата и надзорот врз институциите на извршната власт и на независните тела, со апел и молба да ги приоретизирате овие процеси и да дадете дополнителен импулс кој ќе го помогне системското справување со корупцијата“, стои во писмото од премиерот Заев и вицепремиерот Николовски.

Воедно, во писмото, премиерот Заев и вицепремиерот Николовски, изразуваат благодарност до сите пратеници, за досегашните напори, со апел за уште посилен интензитет за поддршка и учество во реформскиот процес за европеизација, напредок, развој и имплементација на европското законодавство, за владеење на правото и за бескомпромисна борба против корупцијата.

„Поддршката на законските измени кои произлегуваат од Планот за борба против корупција, но и на Националната стратегија, со консензус, ќе прати јасна и недвосмислена порака кон граѓаните чија доверба ја имаме токму за ваквата борба за подобар живот. Таков консензуален чекор ќе биде чуен и виден од граѓаните како државнички и одговорен. Но, ќе ја покаже и спремноста на сите видови власти да застанат на иста страна со граѓаните “, се посочува во писмото.

Владата на Република Северна Македонија на ден 02.03.2021 година, на 50-тата седница, го усвои оперативниот документ „План за борба против корупцијата”, како дел од приоритетите од „Акција 21 – Европски стандарди дома“. Овој оперативен документ има за цел преку системски мерки да придонесе во спречувањето и искоренувањето на корупцијата. Неговата имплементација во голема мера зависи од одредени законски измени коишто се потребни за спроведување на Планот, а во исто време и во дел од усвојувањето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, за што е потребна вклученоста на Собранието на Република Северна Македонија.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ