Премиерот Зоран Заев ја осудува бруталноста од страна на полициските службеници врз граѓаните Роми во Битола.
„Таквото однесување е срамно за полицијата, ја заслужува осудата која пристигна од јавноста.
За поздравување е што Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи го утврди идентитетот на учесниците на овој исклучително немил настан, и очекувам дека многу бргу, по утврдените околности да следува целосна одговорност и соодветна казна на сите инволвирани во случајот“, пишува Заев на својот Фејсбук профил.
Тој додава дека вложиле многу во менувањето на ликот и однесувањето на полициските службеници и нема да дозволат, дури и вакви изолирани случаи, да поминат без одговорност и соодветна казна.
Д.М.












