Прво морам да ја искоментирам изјавата на Мицкоски кој се извини за лидерската средба, која се направи по негово барање, а по негово барање истата и се одложи.
ОБСЕ- ОДИХР одговорија дека се подготвени да се распоредат штом се ќе одреди датумот за избори и почитувајќи ги протоколите за отворањето на границите и здравјето на граѓаните. Наместо да се стават на прв ред интересите на граѓаните, Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ водат сметка за нивниот интерес. Мицкоски и ВМРО сакаат да се одолговлекува здравствената и економската криза и да дојде новата институционална криза. Ние тоа нема да го дозволиме. На граѓаните им треба враќање на нормалното функционирање.
Мицкоски не кажа како ќе се врати Собранието, а не може ни да се врати. Се бараат некои комисии и се бара комисија да се каже дека на крајот на август и септември ќе има нула заразени, никој не може да го каже тоа.
Изборите се закажани, прашање е дали се има воља да учествуваме на избори. Очекувам да се подготват сите процеси на институциите кои се задолжени да ги завршат своите работи. На македонските граѓани им требат стабилни институции и враќање во колосек на интеграции, функционално собрание и Влада со полн капацитет. Џабе е бегањето од изборите на ВМРО и Мицкоски, избори ќе има и тие ќе губат на тие избори, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев по лидерската средба денеска кај Претседателот Пендаровски.
А. Зеќири