• Latest

Заев-Гаши: Можното идно соработување со Алтернатива ќе биде врз програмски принципи, разговорите продолжуваат следната седмица

November 19, 2021

Ден на Европа: Зачетоци, формирање, значење и одбележување

May 9, 2025

Велика Британија објави нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат директори на нафтена компанија

May 9, 2025
Фросина Кулакова

Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

May 9, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово се соочува со политичка криза и санкции од ЕУ; Албанија два дена пред парламентарни избори; Рама најави отворање на третото поглавје

May 9, 2025
Фото: Укринформ

Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

May 9, 2025

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
Фото: МИА архива

Службата за безбедност на Украина разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

May 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан отстапува простор за дипломатија пред да одговори на нападот на Индија

May 9, 2025
ПИНКИ ГО ВИДЕ ТИТО По враќањето од Москва Додик сите говори ги завршува со воскликот „да живее Русија“!

Додик: Путин навистина ја разбира позицијата на нашиот народ, Србија и Кина се пријатели кои градат мостови кон иднината

May 9, 2025

Мицкоски: Среќен 9 Мај – Денот на Европа! Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината!

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев-Гаши: Можното идно соработување со Алтернатива ќе биде врз програмски принципи, разговорите продолжуваат следната седмица

November 19, 2021 20:03
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, по денешната средба со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, рече дека било разговарано за неколку проблематики, за кои останува за време на викендот да размислат и во СДСМ и во Алтернатива, но и кај партнерите од владината коалиција.

– Нашата покана е Алтернатива да биде дел од Владата. Таргетот пред нас се редовни избори, а не вонредни. Продолжуваат разговорите следната седмица. Како нешто ќе утврдиме, така и ќе ја  информираме јавноста, рече Заев.

На средбата, Заев, рече дека им биле соопштени условите под кои понатаму би продолжиле разговорите.

– Ние ќе ги информираме следната недела за нив. Сите треба да водиме грижа за европската иднина на земјата и тоа е можно ако имаме стабилна влада и стабилно парламентарно мнозинство. Можно идно соработување ќе биде дефинирано, токму врз програмски принципи. Како ќе ги разговараме и договараме, така и ќе ги соопштуваме, изјави Заев.

Разговаравме, нагласи Заев, за многу важни работи и секако треба да се вратиме во партиите, во СДСМ и Алтернатива, но и партнерите.

– Се очекуваат отстапки од сите не само од СДСМ, туку и ДУИ и сите партнери во владата да прават отстапки. Одлуката на крајот од нив може да бида да влезат, а може и да биде да на влезат. Тоа ми е соопштено денеска на средбата. Но, одлуките се носат на органи на париите, изјави Заев по неколкучасовната средба со Гаши во Клубот на пратениците.

Заев информира дека разговарале, како што рече, за амбициозниот осврт на Алтернатива дека кај нив постои лочино поделеност дали да се влезе во Владата или не.

– Логично е и за мене заради тоа што пред само недела дена беа во офанзива или определба да се собори оваа Влада, односно ДУИ како што тие го кажуваа, но дефинитивно одговорноста пред државата ги исправува да бидат отворени дебатите и во органите и во телата на Алтерантива за идното нивно вклучување или опстојување како опозиција. Од тој аспект и СДСМ, а и сите други наши партнери ќе треба да ги разгледаме тие важни аспекти за коишто денеска разговаравме.

Заев истакна дека одлуката на крајот од нивна страна може да биде да влезат, може да биде и да не влезат.

– Тоа ми е соопштено денеска затоа што е логично дека разговараат и со своите досегашни партнери, односно тоа е Зијадин Села – АА и Христијан Мицкоски – ВМРО-ДПМНЕ, но одлуките се носат како во СДСМ така и во Алтернатива и во другите партии на органи и тела на партиите, заклучи Заев.  

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, по денешната средба со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, рече дека имале отворена дискусија за тоа како мнозинството ја гледа Алтернатива, но дека за двете опции кои се пред нив – поканата за членство во Влада или да остана опозиција, ќе дискутираат на органите на партијата врз основа на аргументи.

– Имавме отворена дискусија и јас сум убеден дека ќе ја донесеме најдобрата одлука за сите нас, изјави Гаши.

Алтернатива, нагласи Гаши, имајќи ја предвид сериозноста на политичката ситуацијата во земјата, има обврска да го види концептот на Заев на кој начин може да се надмине оваа криза и како мнозинствотото гледа на Алтернатива.

– Како претседател на Алтернатива, јас имам обврска да ги разгледам двете опции. Првата опција е приклучување на парламентарното мнозинство, а втората опција е да продолжиме со опозицијата. Двете опции ќе ги дискутираме на органите на партијата врз основа на аргументи, што е подобро за интересот на земјата, граѓаните, Албанците и секако на Алтернатива, изјави Гаши.

Прашан колку за Алтернатива е прифатливо учество во Владата со нов мандатар, вели дека не сакаат да се мешаат во внатрешните работи на СДСМ.

– Во моментов премиер и претседател на СДСМ и на владата е Зоран Заев. Нормално, ние разговараме со него и очекуваме кој и да е наследник негов во двете позиции да продолжи континуитетот на тоа што сме го разговале денеска и порано и во иднина. Ние мислам дека не е принципиелно да разговараме кој би бил мандатар и како би требало ние да се однесуваме во однос на него, ние ќе ги почитуваме одлуките на таа партија како што очекуваме и СДСМ и сите други партии да ги почитуваат одлуките кои ги носи Алтернатива внатре во своите партиски органи, рече Гаши

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ