• Latest

Заев на Форумот Делфи во Атина: Потребен ни е економски просперитетен Балкан на 21 век, интегриран во ЕУ

May 13, 2021

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев на Форумот Делфи во Атина: Потребен ни е економски просперитетен Балкан на 21 век, интегриран во ЕУ

May 13, 2021 13:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на Економскиот Форум Делфи кој се одржува во Атина дискутираше за придобивките од Договорот од Преспа, соработката со соседна Грција на политички и економски план со фокус на енергетиката, придобивките од влезот во НАТО како и за европската иднина на Северна Македонија.

На сесијата присуствуваа и вицепремиерите Фатмир Битиќи и Никола Димитров како и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

Уредникот на грчкиот „Катимерини“, Атанасиос Елис разговорот со премиерот Заев го започна со Договорот од Преспа за кој премиерот Заев рече дека три години подоцна апсолутно нема никакво сомневање за резултатите што се постигнати со Договорот од Преспа и за далекусежните придобивки од него за нашата земја.

-Го решивме прашањето за името на мојата земја, да не одлагаме, да не калкулираме, да му дадеме на регионот нов Балкан, Балкан на 21 век во кој минатото нема да биде пречка за заедничката европска иднина. Со Договорот ја отстранивме последната пречка за нашето членство во НАТО и станавме 30 членка на алијансата. НАТО е безбедност и сигурност, гарантиран мир, слобода и владеење на правото. Горд сум што Северна Македонија постигна договор со Грција и што денес сме членки на НАТО. Потребна е поддршката од Грција и на нашиот европски пат и благодарни сме што ја добиваме, рече Заев.

Од Економскиот Форум Делфи во Атина, премиерот Заев истакна дека со колегата Мицотакис имаат одлична соработка и порача дека Северна Македонија негува добрососедски односи и настојува секогаш сите отворени прашања да ги решава низ дијалог и во атмосфера која нема да ги продлабочува разликите, туку напротив, ќе ги приближува колку што е можно повеќе.

Во однос на соработката со Бугарија, премиерот Заев очекува дека ќе има решение.

-Нашиот регион треба да влезе во ера на соработка за просперитет на сите наши народи. Да се зацврстува економската соработка, инвестициите, да се зајакнува довербата со цел унапредување на трговската соработка, рече Заев.

Премиерот Заев истакна дека интеграцијата во ЕУ на сите држави од Западен Балкан, како и интензивната регионална соработка поставуваат основа за развој, сигурност и за иднината на регионот.

Продлабочувањето на економската интеграција и соработка помеѓу државите од Западен Балкан преку сите постоечки иницијативи е приоритет на сите народи од нашиот регион.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ