• Latest

Заев на отворањето на Преспа форумот за дијалог: Денес ние сме НАТО, од заробена држава станавме успешна приказна

July 1, 2021
Трамп и Путин на Аљаска. Фото: Скриншот

Русија се повлекува од договорот со САД за отстранување на плутониумот доволен за илјадници нуклеарни боеви глави

October 28, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев на отворањето на Преспа форумот за дијалог: Денес ние сме НАТО, од заробена држава станавме успешна приказна

July 1, 2021 20:31
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

-Со мојот пријател Алексис Ципрас, тогаш премиер на Грција, се зарековме дека ќе воспоставиме таква пријателска атмосфера ќе ја негувате како еднакво важна на решението кон кое стремите. Оваа наша определба се покажа дека не се сите стереотипи правило и дека кога се кршат се создaва енергија за нови модели на однесување и за воспоставување нови пријателства и односи меѓу државите и политичарите. Така прават пријателите, насочени кон решение, кон компромис. Голема е честа да ви посакам добредојде од ваков блескав момент. Тука сме после три години од склучувањето на „Договорот од Преспа. Три години од потпис кој направи историски пресврт во македонско-грчките односи и ја одблокира евро-атлантската интеграција на Северна Македонија, истакна премиерот Зоран Заев на официјалното отворање на Преспа форумот за дијалог.

Тој нагласи дека е среќен и горд што тука се дел од клучните луѓе кои со своите ангажмани и посветеност беа пресудни учесници во процесот, на патот до Преспа.

„Многу е убава глетката на олкав голем број наши пријатели, кои беа гласни и храбри поддржувачи на сите наши патешествија во оваа приказна. Ви благодарам од срце, што верувавте во нас и во можноста да најдеме решение дури и тогаш кога многумина велеа дека се исцрпени сите опции. Но, еве, денес, ние сме НАТО.  Денес, Северна Македонија е рамноправен дел од најмоќниот сојуз во светот. Покажавме дека е можна промена.“, рече Заев.

Премиерот посочи дека од заробена држава, станавме современ пример кој сите го нарекуваат успешна приказна. Од држава со авторитарни тенденции, со ускратена или никаква слобода на изразување и лимитирани медиумски слободи, нашата демократија се консолидираше и се унапредува со секој изминат ден. И еве, денес, горд сум што низ „Преспа форумот за дијалог”, создаваме и извезуваме нови демократски вредности, рече Заев.

„Од денешна перспектива јас со полно право можам да кажам дека во решавањето на тридецениското прашање со Грција употребивме методологија која до тогаш не беше позната. Оние кои беа проблем одеднаш, и без булдожер дипломатија од трети страни, почнаа да решаваат проблем.

Спорот меѓу Грција и тогашна Република Македонија беше преседан во политичката историја и за негова разврска беше неопходно да се најде решение за кое не постоеше пример во политичката историја и во меѓународните односи. Беше потребно иновативно решение, кое ќе излезе од рамка.

И дојдовме до решение. Тогаш кога сите тврдеа дека тоа е – невозможно!

Ставивме крај на еден спор. Ставивме крај на повеќегодишните разлики што издигнаа ѕид кој ги отежнуваше пријателски односи меѓу соседите.

Најважно, му дадовме на светот еден нов Балкан. Европски. Балкан кој, еве, покажува и намери и капацитети да биде слободен, поврзан, еднаков вреден и еднакво важен дел од напредниот свет. Во времиња на големи глобални и идеолошки пресвртници, радикализации и неизвестност, ние станавме испорачувачи на решенија и мир. Внесовме надеж. Нема нешто што еден лидер би сакал повеќе да остави зад себе, за својата земја.

Во мандатот на оваа Влада имав чест да објавам повеќе добри вести. Една од најдобрите беше решавањето на спорот помеѓу Северна Македонија и Грција.

Бесценет беше моментот на 17 јуни во Преспа кога заедно со Алексис  вивнавме раце соопштувајќи им добри вести на своите народи. Видов солзи кај многумина Македонци и Грци, и во Нивици и во Отешево тој ден. Светеа очите и на новинарите и на политичарите и на службениците. Денес, знаеме дека вредеше.

Денес ги собираме плодовите од решениот спор. Конечно ја комплетиравме нашата лична карта во ОН. Сега имаме исклучително добри односи со Грција и сериозно подобрена билатералната соработка. Растат економските инвестиции, бизнисите ни соработуваат како никогаш до сега, а веќе имаме и одлуки за заеднички инвестиции во гасоводни проекти како тој во Александруполи. Со тоа придонесовме да зајакне регионалната стабилност и да се поттикне развојот на Западен Балкан.

Како лидери на своите земји им должиме на граѓаните да ги решаваме проблемите, да го одржуваме мирот, и да создадеме услови за развој и подобар живот за сите.

За да се постигне ваков договор потребни беа верба дека проблемите можат да се решат и јасна визија. Но, потребни беа и издржливост и упорност. Договорот имаше за цел да го надминеме минатото исполнето со недоверба и навистина да градиме заедничка иднина.

Драги мои пријателки и пријатели,

Балканот отсекогаш бил регион со посебна интензивна динамика кон кого очите на меѓународната јавност никогаш го немале луксузот да бидат затворени.

Пресвртот што го направи Договорот од Преспа му даде друга насока и контекст на целиот регион.

Договорот означи крај на една ера и почеток на ново поглавје, како за двете држави така и за регионот пошироко. Кога соработката е конструктивна и во добра волја, мирот се пројавува со некој природен след.

Светот прифати дека и од Балканот може да дојде успешна приказна, која треба, и може да има домино ефект и врз други отворени прашања во регионот, преку нејзината темелна вредност, а тоа е – решение е можно кога за тоа има јасна воља.

И јас и Алексис бевме целосно свесни дека ги ставивме на ризик нашите политички кариери.

Политичките кариери не се збир од политички одлуки што си ги пакувате за своето портфолио за да си го носите со себе од избори до избори без ризик, секогаш во зоната на политичка безбедност.

Ние избравме да оставиме решенија како траги зад нас. Решенија за нашите граѓани и за нашите општества, а не само за нас, и за нашите политички партии. Иднина за нашите млади.

Таков пристап треба да се има и кон сите актуелни и идни предизвици.

Такви се лидерите на Европа. Што ќе беше Европа денеска ако не беа лидерите кои на политичката сцена излегуваа со политички потези за паметење? Што ќе беше ако не беше нивното политичко наследство заради кое ние денеска ги уживаме плодовите на нивното визионерство?

Балканот може, Балканот испорачува, Балканот е новата надеж на Европа, Балканот е Европа. Ние денеска, врз основа на нашето искуство од патот до Преспа и до договорот со Грција,  слободно можеме да го кажеме тоа со потполно право. Ние сме Европа, повеќе од кога било.“, истакна премиерот Зоран Заев на официјалното отворање на Преспа форумот за дијалог.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ