• Latest

Заев најавува приватизација на Македонски Пошти, и иницирање на истата идеја за ТЕЦ „Неготино“, „Македонски Железници – Транспорт“, „Еврокомпзит“…

October 14, 2020
Урсула фон дер Лајен (скриншот)

Фон дер Лајен во Скопје: Меѓу европските очекувања и условите на Мицкоски

October 1, 2026
ПОСЛЕДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ПОТПИС | Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ / Александар Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ во трка за премиер, студентите со сопствена листа, опозицијата во повеќе колони

September 30, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки на работ на хуманитарна катастрофа: Глад, блокада и пропаганда под руска окупација

September 30, 2026
Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, октомври 2025

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје: Мицкоски нуди дијалог, ЕУ останува на условот за уставни измени

September 30, 2026

(ИНФОГРАФИК) Двете точни бројки на Мицкоски и контекстот што го менува заклучокот

September 30, 2026

Пендрекот може да ја растури тезгата на Бит-пазар, но не и сиромаштијата

September 30, 2026

Невести бегалки или нови структури: Политиката зад банкарството

September 30, 2026
Кијив, 30 септември 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Ракети и 188 дронови, меѓу загинатите и дете

September 30, 2026

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев најавува приватизација на Македонски Пошти, и иницирање на истата идеја за ТЕЦ „Неготино“, „Македонски Железници – Транспорт“, „Еврокомпзит“…

October 14, 2020 14:33
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата ги следи сите параметри во делот на БДП, на задолжувањето, во делот на приходите на државата и севкупните движења и тенденции, и нашите проекции се дека очекиваме пад на економијата од 4,4 проценти, изјави денеска премиерот Зоран Заев на отворањето на новиот поризводствен капацитет за канабис во Ќојлија, Петровец,  комнентирајќи ги најновите прогнози на ММФ, кои предвидуваат намалување на бруто домашниот производ на земјата за оваа година од 5,4 отсто.

Заев нагласи дека првичните превидувања на Владата биле за пад на БДП до пет проценти, но сега се намалени на 4,4 отсто, заради тоа што се очекува антикризните мерки да го покријат тој пад од 0,6 процентни поени.

– Затоа пуштивме пари, затоа е четвртоат пакет на мерки и верувам дека ќе успееме во тоа. ММФ сега на квартално ги дава своите анализи и очекуваме да прават и нови проценки. Верувам дека ние имаме порелевантни податоци, ги следиме приходите на државата и производството. Верувам, според она што го следам, дека ќе бидеме една од државите со најмал негативен импакт, ако не и со најмал негативен импакт од корона кризата во регионот. Секогаш се бороиме да се споредиме во успешноста во политиките и верувам дека ќе успееме, истакна Заев.

ММФ во својата октомвриската прогноза предвидува економијата на земјава во текот на оваа година ќе забележи пад од 5,4 отсто како резултат на последиците од пандемијата од Ковид-19, по што во текот на 2021 година ќе следи раст на БДП од 5,5 проценти. Со новото предвидување се ревидира прогнозата на ММФ од април годинава, кога Фондот предвидуваше пад на македонскиот БДП за 2020 од четири отсто. Според ММФ, тенденцијата на раст на економијата во земјава ќе продолжи и во следните години и во 2025 година ќе изнесува 3,5 проценти.

Во однос на трансформацијата на Макењдонски Пошти, Заев оцени дека многу институции во државата покажале оти мора континуирано да им се дотираат државни пари на месечно или квартално ниво, затоа што не можат „да се борат на пазарот“ и се зрели за јавно-приватно партнерство или за приватизација.

– Земјите со кои се натправаруваме се со приватни пошти или со пошти со доминантно приватен капитал. Верувам дека ќе направиме некое успешно менаџирање со Словенија, Австрија, Германија, Полска… за да имаме перспективи за „Македонски пошти“. Целта е да имаме квалитетен поштенски собраќај и услуги за граѓаните, додаде Заев.

Тоја нагласи дека ваквите трансформации не значат дека некој ќе изнесува нешто надвор од државата, бидејќи тие фирми остануваат и ќе работат тука, додавајќи дека такви идеи има за повеќе компании, како ТЕЦ „Неготино“, „Македонски Железници – Транспорт“, „Еврокомпзит“, „Колска“ од Велес.

– Јавното-приватно партнерство ќе биде една од преокупациите на Владата во делот на креирањето на сите економски политики во следниот перирод, заради обидот да ги максимализираме сите ефекти за рестарт, односно за еконоски раст и развој, што верувам ќе биде пример во следните четири години, истакна Заев одговарајќи на новинарски прашања на отворањето на новиот производствен капацитет на „НЈСК Холдинг“ во индустриската зона „Ќојлија“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ