• Latest

Заев: Се договоривме да го обновиме раководството на СДСМ и да дадеме шанси на нови луѓе

April 22, 2021
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Се договоривме да го обновиме раководството на СДСМ и да дадеме шанси на нови луѓе

April 22, 2021 15:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев изјави дека тој и потаму ќе соработува со Радмила Шекеринска и покрај нејзината најава дека нема намера да се кандидира за трет мандат на позцијата заменик претседател на партијата, додавајќи дека со неа и со огромен процент од раководството се договриле да го обноват партиското раководство.

„Радмила Шекеринска ја најави оставката и во разговор со мене сподели дека нема намера да се кандидира за заменик претседател за трет мандат. Заедно со Радмила во 2013 година, јас како претседател, а таа како заменик претседател, презедовме да го водиме СДСМ во едно извонредно тешко време. Јас ја почитувам. Покрај сите други и ѓраѓаните, таа е една од најзаслужните за нашето членство во НАТО, за кандидатскиот статус со ЕУ, за добиената одлука за почеток на преговори со ЕУ, и за многу процеси во државата важни за граѓаните. Знам дека ќе продолжиме понатаму да соработуваме, таа е мој другар или другарка без разлика каде ќе се најде во иднина во СДСМ или во општеството. Во општеството сигурно, секако заради целото нејзино искуство и верувам дека на многу заеднички проекти или предизвици ќе соработуваме во периодот кој што претстои“, рече Заев на новинарско прашање по пуштањето во употреба на Фотоволтаична централа во селото Теново во Општина Брвеница, пренесе МИА.

Во однос на информациите дека Шекеринска ја одбила позицијата на амбасадор на земјава во Вашингтон и дека се дистанцирала од лидерот на партијата, Заев вели дека тоа е прашање за неа, а за него таа е и останува близок соработник.

„Таа е мојот прв соработник како заменик претседател во СДСМ. Во првата Влада која што ја водев 2 години и 6,5 месеци беше заменик претседател на Владата и министер за одбрана, сега е министер за одбрана и навистина е еден од првите мои соработници. За амбасадор немаме разговарано, реално. Некои долгото држење празно место во Вашингтон го поврзуваат со оваа работа, но немаме разговарано заради тоа што таа е министер за одбрана и не е ред, ниту е чест и би било невнимателно да се разговара за едни такви позиции. Мислењето на Радмила за Зоран Заев може да го каже Радмила и немам сомневање какво мислење со мене ќе сподели заради тоа што работиме секој ден за мал милион предизвици. Дефинитивно имаме уште многу што заедно да работиме во животот“, вели премиерот Заев.

Прашан како тоа ќе влијае во партијата, Заев појасни дека со Шекеринска и со огромен процент од раководството се договриле да го обноват раководството на СДСМ.

„Тоа му го должиме на нашиот народ и на социјалдемократите, да дадеме шанси на нови луѓе, на нови ликови. Знаете дека и како кандидат за претседал на 21 март главната порака беше нова политика. Таа политика треба и кадровски и со конкретни чекори да ја покажеме. Луѓето сакаат во 21 век во третата деценија новини, инвентивности кои што ќе го забрзаат растот и развојот на државата, ќе донесат со подинамично темпо повеќе среќа, повеќе економски благодети кај нашиот народ, Тоа е наш заеднички концепт, ние до денденеска работиме и ќе продлжиме да работиме без разлика кој во иднина како ќе биде поставен на своите обврски и одговорност“, истакна Заев.

Тој отфрли секаква поврзаност на случајот „Рашковски“ со Шекеринска и посочи дека една од главните заложба на Владата е законот да важи еднакво за сите, потенцирајќи дека „нема недопирливи, како што нема ни виновни додека не се докаже тоа“.

„Апсолутно во овие неколку години ја свртивме областа во делот на владеење на правото целосно во позитивна насока. Покажавме како на транспарентен начин, без какво било влијание, можат да работат и Обвинителството и судството. Дали е тоа преку постапките на Јавното обвинителство или преку судските рочишта секојдневно. Водиме транспарентни постапки кои секојдневно дефинитвно се најголемиот коректив за одговорноста при работењето и апсолутно не гледам никакви точки на поврзаност на случајот „Рашковски“ со тоа што Радмила нема да биде повторно кандидат за заменик претседател на СДСМ“, истакна Заев.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ