• Latest

Заев: Владата ќе биде во интерес на граѓаните, ќе служиме чесно и одговорно

August 31, 2020

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Владата ќе биде во интерес на граѓаните, ќе служиме чесно и одговорно

August 31, 2020 09:12
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вечерва, Северна Македонија доби нова, мала, ефикасна и одговорна Влада, подготвена да работи и да сработи посветено, искличиво согласно интересот на граѓаните и државата.

Им благодарам на пратениците од демократското мнозинство кои ја препознаа важноста и потребата од нова одговорна Влада и кои ни ја додоа довербата да ги водиме инситуциите. Во следните четири години со сите ресурси ќе дејствуваме за да ја оправдаме довербата на пратениците, односно на граѓаните кои го доделија мандатот на пратениците.

Прв приоритет на новиот владин состав ќе биде продолжување на антикризните мерки за уште поголема помош за граѓаните и економијата. Надминувањето на последиците од коронакризата и враќање на претходните стапки на економски раст, ќе биде во фокусот на работата на владата.

Со изборот на Владата го комплетираме системот на ефикасни и силни институции со полн капацитет и легитимитет кои ефикасно ќе работат во надминување на последиците и предизвиците од коронавирусот. Институции кои ќе застанат на чело на новата одбрана, институции кои сите нас ќе не водат во почитување на мерките и во заштита од невидливиот непријател КОВИД-19. Имаме Влада со институции кои ќе го држат здравствениот систем исправен пред есенскиот налет на вирусот.

Уште во првите месеци од мандатот, новата Влада ќе обезбеди механизми за структурни реформи во јавната администрација, но и во делот на владеење на правото преку прочистување на судството и градење силна, независна правна држава. Доаѓа време на ред, правда и дисциплина. Законите се донесени, сега е време за нивно брзо и доследно спроведување. Кој не сака да почитува закон, ќе се соочи со закон. А, ние како Влада ќе бидеме партнер на сите чинители во законодавната, извршната и судската власт, како и граѓанското општество, медиумите и групите од интерес кои сакаат да придонесат кон градење на систем на правдата кој ќе им служи на граѓаните.

Процесот на евроинтеграција продолжува уште позасилено. Владата, институциите, се подготвени за старт на преговорите со ЕУ и отворање на првите поглавја.

Следува период на трансформација и европеизација на нашата татковина. Ова е период кога сечив придонес е важен, очекуван, потребен и суштински.

Затоа, почитувани граѓани, во време кога започнува најинтензивната македонска европеизација, приклучете се.

Приклучете се кон борбата против корупцијата. Приклучете се на отпорот против Ковид-19. Прифатате го повикот за широка мобилизација на сите капацитети со кои ќе си исчистиме воздухот, водите и почвите.

Следува неповторлив период за Северна Македонија. Имаме шанса која не смееме да си дозволиме да ја пропуштиме. Затоа дајте свој придонес во трансформацијата на нашата држава, нашето заедничко општество.

Бидете будни, гласни, конструктивни, аргументирани. Следете ја нашата работа и бидете коректив, но и партнер. Ние, како и досега, ќе го слушаме вашиот глас, ќе ги следиме вашите потреби.

Ова е моментот сите заедно да работиме на промените кои носат напредок и развој, кои носат светла иднина за нас и за нашите деца.

Реализацијата на програмските определби во соодветните ресори им е доверена на професионални и отчетни кадри чија одговорност пред мене, но многу повеќе пред вас граѓаните, ќе биде да ги испорачаат резултатите.

Сега, кога сите големи отворени прашања на надворешен план се зад нас, ред е со сите капацитети да се посветиме на работа дома. Да обезбедиме уште подобри услови за уште подобар живот, за уште поголеми плати, за повеќе правда и повеќе грижа за сите наши граѓани.

– изјава на премиерот Зоран Заев по изборот на новата Влада
Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ