• Latest

Заев: Во глобална пандемија рекорден број апликации на јавните повици на ФИТР

April 21, 2021

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА ТЕХНОЛОГИИ

Заев: Во глобална пандемија рекорден број апликации на јавните повици на ФИТР

April 21, 2021 13:24
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со иновативноста и креативноста ги надминуваме предизвиците од минатото и сегашноста и се создаваат услови за промени за подобро утре. Посветеноста на компаниите за постојан развој базиран на трансфер на знаење и на унапредување на сопствените технолошки процеси низ иновативни решенија придонесува за поквалитетни и поконкурентни производни услуги, создавање нови работни места и економски раст и развој на секоја компанија одделно, порача премиерот Зоран Заев на денешната панел дискусија на тема „Со инвестиции во иновации до одржлив економски раст и развој“.

Дискусијата е во организација на Фондот за иновации и технолошки развој по повод 21 Април – Светскиот ден на иновативноста и креативноста.

Улогата на ФИТР како кредибилен партнер за поддршка на иницијативите на компаниите, укажа, е веќе сериозно препознаена во нашата земја. За него лично огромна потврда за тоа е што оваа година во глобална пандемија имаме рекорден број доставени апликации во однос на кој било досегашен јавен повик кој го спроведува ФИТР.

Како што информира Заев, на јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст, кој воедно е дел од петтиот пакет на антикризни мерки, пристигнати се 706 апликации, од кои 540 се од компании кои аплицираат првпат, 207 се старт-ап компании.  

За довербата во програмите на ФИТР и на економските политики на Владата, според Заев, говори и фактот што компаниите што аплицирале се подготвени да учествуваат со свој дел и сите заедно се подготвени да инвестираат околу 27 милиони евра сопствени средства.  

„Овој јавен повик следи по јавниот повик на ФИТР за поддршка на компаниите за брзо прилагодување и надминување на последиците од КОВИД -19 што беше дел од третиот пакет на антикризни мерки. За 2021 година ФИТР ќе објави јавни повици за финансирање за преку повеќе финансиски инструменти во износ од 17,5 милиони евра. Од портфолиото на Фондот во тек е реализација на проекти од 550 компании во вкупна вредност од 77 милиони евра.Колку за споредба, од ситуација кога до 2017 година државата одвојуваше многу помалку за поддршка на иновативни проекти, денеска зборуваме за поддршка за повеќе од 550 проекти. До 2017 година ФИТР поддржуваше во просек само 36 компании годишно. Сето ова треба да се гледа во контекст на креирање на новата развојна економија што е во фокусот на Владата за 2021 година, а тоа меѓу другото е можно и преку поддршка на иновативни проекти и старт-ап“, рече премиерот.

Информира дека во Буџетот за оваа година имаат проектирано 70 милијарди денари или 1,1 милијарда евра за економски програми кои предизвикуваат и подразбираат директна поддршка на инвестициски проекти на компаниите, поддршка на технолошкиот развој, дигитализација, иновации, проширување на производствените процеси, повисока продуктивност, обука за вработените, претприемништво, но и индиректна поддршка за бизнисот во унапредување на регулативата, намалување на давачките, како и средства за реализација на капитални инвестиции во инфраструктурни проекти.  

„Наша најважна обврска како Влада е да креираме општество и образовен систем кој ќе создава млади нови генерации со критична мисла, кои ќе бидат креативни и иновативни. Во тоа сме успеале тогаш кога младите почнуваат да бидат љубопитни, да ги ставаат на тест сите информации кои стигаат до нив и кога почнуваат да се прашуваат дали може подобро. Тоа е основата и суштината на  иновацијата.Знам дека економскиот раст на една држава во најголем процент се должи на традиционалните инвестиции, но иновативноста е тоа што ја прави разликата, што не движи напред и не прави конкурентни на светскиот пазар и создава дополнителна вредност како за претпријатијата, така и за државата“, наведе Заев во обраќањето.  

Целта на овогогодишното одбележување на Светскиот ден на креативноста и иновативноста под покровителство на Обединетите Нации во 202, е да поттикне свесноста за улогата на креативноста и иновативноста во сите аспекти на општеството.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ