• Latest

Заев за Франс прес: Секое прашање за македонскиот идентитет е „црвена линија“

November 21, 2020
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Јужноафриканец чека депортација откако му беше одземена австралиската виза поради учество на антисемитски неонацистички митинг

November 18, 2025

Пратениците на СДСМ, придружени од Левица поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев за Франс прес: Секое прашање за македонскиот идентитет е „црвена линија“

November 21, 2020 13:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„’Многу горчина’: Премиерот на Северна Македонија жали за блокадата на Бугарија во ЕУ“, е насловот на текстот што го објави денеска новинската агенција Франс прес (АФП) по интервју со претседателот на Владата, Зоран Заев во Скопје.

Заев за АФП вели дека источниот сосед му донел „непријатно изненадување“.

„Создаден е голем гнев меѓу братски луѓе што живеат од двете страни на границата“, оценува Заев, но сепак изразува уверување дека е можен чекор напред.

Напоменувајќи дека постои апсурдност во целиот проблем, премиерот потенцира и дека секое прашање на македонскиот идентитет е „црвена линија“.

„Покажавме колку веруваме во европските вредности“, додава Заев, алудирајќи на компромисот за промената на името, „и сега, кога Европа требаше да ги покаже своите европски вредности, тие не беа таму“.

„Блокадата на Бугарија за соништата на Северна Македонија за влез во Европската унија е спротивна на вредностите на блокот и предизвика „многу горчина кај нас“. Секое прашање на македонскиот идентитет е „црвена линија“. Тоа е прашање на самоопределување кое е во срцето на европскиот проект“, истакнува премиерот.

Авторите на текстот прават и кус осврт на случувањата.

„Софија сака нејзиниот мал сосед да ги признае, како што вели, бугарските корени на нејзиниот јазик, народ и историја, пред да дозволи балканската земја да напредува во процесот на пристапување.  Северна Македонија, сиромашна земја во која живеат два милиона луѓе, се движеше и порано по овој пат. Стана кандидат за членство во ЕУ во 2005 година, но беше блокирана од Грција за да оди напред. Атина стави вето за поранешното име на земјата, Македонија, сметајќи го за напад на грчката територија и наследство. За да се надмине тој ќор-сокак, Заев склучи тежок договор во 2018 година за да го додаде географскиот квалификант „Север“ со цел да го разликува од грчката провинција Македонија“, наведува Франс прес.

Француската новинска агенција потсетува и дека Бугарија, која влезе во ЕУ во 2007 година, беше првата земја што ја призна Северна Македонија откако прогласи независност од Југославија во 1991 година. Тоа беше и една од причините, дополнува, зошто Заев ги опиша како „наш најголем пријател“.

„Бугарија ја обвини Северна Македонија за кражба на нејзината историја и е особено вознемирена поради недостатокот на напредок од заедничката комисија која се обидуваше да постигне договор за заеднички наратив за учебниците“, стои во написот на АФП.

Според Заев, ваквите прашања треба да се работа првенствено на историчарите, но важно е, како што вели во интервјуото, да се потенцираат и договорите што Комисијата ги постигна во некои области.

„Верувам многу во европските вредности, можеби многу повеќе од некои поединци во ЕУ“, подвлекува премиерот Зоран Заев за Франс прес

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ