• Latest

Заев за Н1: Балканот веќе не е темпирана бомба, проблемите да се решаваат со пријателство

March 10, 2021
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CLRCUT

Германија започнува воена реконструкција – нарачува 600 тенкови „леопард“ и 1.000 оклопни транспортери „боксер“

July 7, 2025
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

(ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

July 7, 2025

Нови тајни преговори: Дали Додик ќе се повлече од функцијата шеф на СНСД ако биде ослободен?

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на DawnNews English

Грција спаси стотици мигранти во текот на викендот кај островите Гавдос и Крит

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев за Н1: Балканот веќе не е темпирана бомба, проблемите да се решаваат со пријателство

March 10, 2021 10:13
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Верувам дека Балканот веќе не е темпирана бомба, туку станува европски Балкан каде што се градат мостови на пријателство и се наоѓаат решенија преку дијалог и соработка. Убеден сум дека дури и оние решенија кои сè уште не се пронајдени, ќе се најдат со дијалог, изјави премиерот Зоран Заев во синоќешното интервју за телевизија Н1.

Прашан за идејата за обединување на Косово и Албанија, тој смета дека не е добра, и оти заедничката иднина на сите земји од регионот е во ЕУ.

– Европа без граници, Европа каде што луѓето работат, соработуваат и комуницираат едни со други. Убеден сум дека овие идеи се идеи на поединци, дека тие се во малцинство и нема да имаат своја иднина затоа што верувам дека подобрувањето на соработката во нашиот регион е дел од нас, изјави Заев.

Говорејќи за Мини Шенген, тој посочи дека тоа ќе им користи на сите и ќе ја унапреди регионалната соработка.

– Ако Македонец може да аплицира за работа во Ниш или Нови Сад, исто како Србин, или обратно Србин може да се пријави за работа во Струмица или Скопје, ако нашата меѓусебна размена на производи навистина го забрза процесот на граничните премини, ако овозможиме признавање на дипломите со што граѓаните ќе можат уште полесно да најдат вработување, ако можеме да им кажеме на странските инвеститори дека за нивната инвестиција во Врање или Ниш, ако им требаат дополнителни инженери, можат да ги најдат во Скопје и да ги вработат, сето ова ќе им користи на сите, рече премиерот на Северна Македонија.

Се надева дека Мини Шенген ќе предизвика сериозно внимание и кај новата косовска влада, но и во Црна Гора и БиХ, бидејќи на тој начин регионот како целина ќе се придвижи многу побрзо кон ЕУ.

Во врска со односите меѓу Белград и Скопје, имајќи го предвид фактот дека Србија донираше неколку илјади вакцини за С Македонија, но и проблемите кои ги имаше во минатото, Заев кажа дека соработката постојано се подобрува и унапредува.

– Српскиот и македонскиот народ отсекогаш биле големи пријатели и браќа, повеќето од нив се православни христијани, имаме одлична соработка. Во минатото имавме одредени драми кои се случуваа за време на промената на владата кон средината на 2017 година, бидејќи во нашата земја се одвиваше процес на големо прислушување, рече Заев, додавајќи дека штом ја презеде функцијата во нова влада, тој го реши проблемот со Вучиќ и оттогаш тие имаат соработка која постојано се унапредува.

Посочи дека во Северна Македонија, пред неколку месеци е донесена одлука да се врати српскиот јазик како изборен од 3 до 6 одделение, и дека се прават подготовки тоа да се направи и во повисоките одделенија.

– Последниот чин на братска љубов што го покажа српскиот народ е да донира повеќе од 8.000 вакцини кога има недостиг на вакцини насекаде во светот и кога Србија нема доволно, тоа е навистина огромен чин на пријателство што јас и нашиот народ нема да го заборавиме, рече Заев.

На прашањето дали спорот меѓу МПЦ и СПЦ може да влијае на односите со Србија, Заев потврди дека од Вселенскиот патријарх побарал независност на МПЦ, но оти тоа прашање го покренал и во честитката испратена до новоизбраниот за српски патријарх Порфириј.

– Верувам дека можеме да најдеме решение… Гледаме надеж преку дијалог помеѓу СПЦ и МПЦ со цел да се признаеме автокефалноста на МПЦ. Српската православна црква опстојува во Северна Македонија, граѓани одат во српските храмови. Подготвени сме да ја почитуваме верската определба на граѓаните, го почитуваме и секуларниот карактер на Србија и Северна Македонија… Политичарите се тука за да создадат услови за епископите да постигнат решение, вели Заев.

Во интервјуото, тој говори и за корона-кризата и можните ограничувања во патувањата. За тоа дали владата во Скопје размислува како патниците од Србија ќе поминуваат низ Северна Макеоднија во текот на летото, со оглед на состојбата со коронавирусот, Заев рече дека дури и кога имаше најголеми бројки на заразени, границите кон Србија беа отворени кон Србија, со исклучот на забраната од 20 кога се појави британскиот сој.

– Вчера имавме три автобуси во Сити мол тука од Ниш, тие дојдоа да купуваат со маски затоа што не можеа во Србија поради мерките, рече Заев, додавајќи дека ќе се најдат најфлекисбилните решенија за српските граѓани да доаѓаат и минуваат низ С Македонија, а и македонските граѓани да одат во Србија.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ