• Latest
Река Кумановка, јули 2021 (фото: Џ. Д. / ЦИВИЛ)

Загадувањето без контрола: Повеќе од половината општини немаат инспектор за животна средина

January 28, 2022
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
Бебиња умираат од глад во Газа
Фотографија/ скриншот од видео на ИТВ

Лекарите во Газа предупредуваат дека бебињата се пред умирање поради недостаток на млечна формула, „Бебињата се коска и кожа“, велат тие

July 5, 2025
Протестни блокади Србија, Земун
Фотографија/ Н1

Шести ден од блокадата: Најавени се нови прекини во сообраќајот, „слободна зона“ во центарот на Земун

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Загадувањето без контрола: Повеќе од половината општини немаат инспектор за животна средина

January 28, 2022 11:07
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Река Кумановка, јули 2021 (фото: Џ. Д. / ЦИВИЛ)

Река Кумановка, јули 2021 (фото: Џ. Д. / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од половината општини во земјава немаат инспектор за екологија. Останатите имаат по еден, а ретко некоја општина и двајца инспектори за животна средина. Отсуството на контрола врз загадувачите директно резултура со загадување на воздухот, водите и почвата, проблеми со кои се соочуваат голем број локални самоуправи. Соочени со десетици инсталации со Б- интегрирани дозволи и стотици со елаборати за заштита на животната средина, општинските инспектори, таму каде што ги има, многу тешко успеваат да направат контроли секаде каде што е потребно, пишува Мета.мк.

Велес нема ниту еден, како и Куманово, каде оваа работа делумно ја врши раководителот на секторот. Иако го има РЕК, како и речиси 600 инсталации кои се во надлежност на општината, Битола има само еден еколошки инспектор. За нијанса подобро е во скопските општини. Градот Скопје и осум од десетте општини Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар и Чаир имаат овластени инспектори, додека Бутел и Шуто Оризари немаат.

Од Инспекцискиот совет информираат дека само 39 општини во земјава имаат овластени еколошки инспектори, од вкупно 81 единица на локална самоуправа. Тоа се Крива Паланка, Куманово, Македонски Брод, Охрид, Прилеп, Берово, Битола, Гевгелија, Дебар,  Делчево, Кавадарци, Кичево, Кочани, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Струга, Струмица, Тетово, Штип, Босилово, Бревеница,  Долнени, Желино, Зелениково, Илинден, Боговиње, Конче, Новаци, Теарце, како и скопските општини и Градот Скопје. Според податоците од оваа институција, Инспекцискиот совет досега има издадено 58 лиценци за овластен инспектор за животна средина.

Велес, градот кој сè уште се опоравува од еколошката катастрофа од Топилницата и сè уште чека да заврши процесот на извоз за згурата, е еден од тие кои во моментов немаат овластен инспектор. Од Општината велат дека се планира вработување на инспектор во текот на оваа година. Него го чекаат 13 компании со Б-интегрирани еколошки дозволи и три со Дозволи за усогласување со оперативен план, а локалната власт има има издадено и 261 Решение за одобрување на Елаборат за заштита на животната средина. Дотогаш, велат од оваа општина, кога има случај на неопходен инспекциски надзор, бараат помош од Државниот инспекторат за животна средина.

„Процесот за лиценцирање на еден овластен еколошки инспектор е долг и треба да почне навреме за општините да не се доведат во ситуација да нема кој да врши контрола. Обуката и теренската пракса траат една година, период кој можеби треба да се скрати за да им се излезе во пресрет на општините“, вели Бобан Бојковски, раководител на Секторот за инспекциски надзор во општина Куманово.

Тој претходно бил еколошки инспектор, но сега законот му дозволува да врши само 10 отсто од надзорите, покрај своите примарни должности како раководител. Друг овластен инспектор во Куманово во моментов нема, иако оваа голема општина има издадени 17 Б -интегрирани дозволи и повеќе од триста елаборати. Месечно, вели Бојковски, успева да направи околу 20 надзори, што е околу 30 отсто од потребното.

Според надлежностите и обемот на работа, на Битола и треба повеќе од еден инспектор, велат во оваа општина. Посочуваат дека во моментот бројот на вработени е ограничен на толку работни места, според одредбите од законот за вработени во јавниот сектор, но и дека во тек е анализа по која ќе следи измена на систематизацијата за да може да се зголеми ефективноста на Општината во делот на заштитата на животната средина. Во Битола, информираат локалните власти, има 16 економски оператори со Б- интегрирани дозволи и 520 со издадени елаборати за заштита на животната средина со решение за одобрување, кои се во надлежност на инспекторот за животна средина.

Кавадарци, исто така е град со еден инспектор за животна средина. Тој треба да ги контролира петте компании што имаат Б-интегрирана дозвола, како и стотина со елаборат, а помага и во Одделението за животна средина, каде недостасува кадар. Малку поразлично е во Струмица. Градот, кој последните години се соочува со големо загадување на воздухот, има двајца лиценцирани инспектори за животна средина. Сепак, општинските власти велат дека работа има за уште еден до двајца плус, со оглед на тоа дека во градот има 13 инсталации со Б дозволи и речиси 450 со елаборати.

Тетово, пак е градот кој е редок пример на добра екипираност на инспекциската служба со најголем број локални еколошки инспектори. Има вкупно шест, од кои четворица лиценцирани и двајца помлади кои се во процедура за добивање лиценца.

Аријанит Џафери од тетовската „Еко герила“ вели дека со заштитата на животната средина не смее да има компромис, ниту во Тетово, ниту во било која друга општина.

„Штетите кои се прават во животната средина се многу често непоправливи, па работата на инспекторатите и превентивното делување се од голема важност. За радикални проблеми се потребни радикални реченија, а за тоа ни требаат храбри политичари, кои ќе мислат за доброто на следните генерации, а не за исходот на следните избори“, вели Џафери.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ