• Latest

Законот за дивоградби се враќа во собраниска процедура

May 15, 2021
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Законот за дивоградби се враќа во собраниска процедура

May 15, 2021 10:10
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за прогласување на Законот за утврдување правен статус на бесправо изградени објекти, од партиите што го изгласаа укажуваат на формално-правната процедура со којашто тој повторно ќе оди во собраниска процедура. Во меѓувреме продолжија реакциите за усвојувањето на законот со гласови и на пратениците од владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Пендаровски вчера го извести претседателот на Собранието Талат Џафери, дека одлучил да не го потпише Указот за прогласување на Законот, со образложение дека текстот е во спротивност со некои од темелните вредности на Уставот, како и со уставни одредби кои произлегуваат или се во врска со темелните вредности на Уставот. Шефот на државата смета дека текстот на Законот нема општествена оправданост, односно не е во насока на заштита и промоција на јавниот интерес, што, потенцира, е основна задача на секоја институција на јавната власт, јавува МИА.

„Донесениот Закон во член 17 предвидува можност за легализација на бесправно изградени објекти дури и во „строг природен резерват, национален парк, споменик на природа, парк на природа, заштитен предел, заштитен крајбрежен појас на природни и вештачки езера и речни корита, како и во прва и втора санитарно заштитна зона на извори на вода за пиење“. Ваквата можност е прекршување на основната обврска на државата да ја штити животната средина, а дополнително можноста за легализација на бесправно изградени објекти во заштитни зони на вода за пиење потенцијално го загрозува јавното здравје, чијашто заштита е, исто така, законска обврска на државата. Можноста, во наведениот член, за легализација на бесправно изградени објекти во подрачје на заштитено недвижно културно наследство (поединечни добра, целини и археолошки локалитети) е повреда на законската обврска на државата да ги заштитува културните добра и културното наследство“, пишува претседателот во дел од образложението на одлуката.

Апелира до сите пратеници, независно од политичката припадност, а водејќи се од словото на Уставот и јавниот интерес, уште еднаш, да размислат пред повторно да одлучуваат за овој текст на Законот.

Во коментар на одлуката на Пендаровски, вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски истакна дека формално-правно овој како и сите други закони се враќаат повторно во собраниска процедура, порачувајќи дека ќе се бара решение за да не се остават без покрив над глава 50.000 семејства.

„Кога претседателот нема да го потпише се враќа во соодветна процедура, владина или собраниска и секако дека сите забелешки во секој поглед треба да бидат земени предвид при носењето на новите одлуки и законски решенија“, изјави Николовски.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак, изјави дека право на претседателот е тоа да не го потпише указот, но, посочи, во минатото ставил потписи на многу поштетни закони, како за економијата, така за граѓаните и за националните интереси.

„Право на претседателот е да не потпише закон тој го искористил своето право јас немам што тука да коментирам. Можеби треба него да го прашате зошто се одлучил за тој чекор да не го потпише овој закон кој што дошол кај него, а потпиша во минатото многу, многу поштетни закони и за економијата и за граѓаните, но и за националните интереси, така што ве упатувам еве да го прашате претседателот Пендаровски што го мотивирало да се одлучи на овој чекор“, рече Мицкоски.

Ова законско решение, додаде, според правните процедури, ќе дојде назад во Парламентот, поради што, како што рече, ги повикува сите естрадни политичари од Собранието да го искористат своето право за блокирање за законот и да не се кријат позади дневно политиканство.

Потегот на претседателот да не го потпише законот го поздравија од партиите Демократски сојуз , Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и од еколошкото здружение на граѓани „Фронт21/42“ од каде побараа повлекување од собраниска процедура на законите за легалзиација на довоградби.

„Добрата вест која стигна денес е дека Претседателот Пендаровски не го потпиша Указот за Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, но она што не загрижува е понатамошниот пат на овој закон. Истиот се враќа во Собранието, кое има 30 дена повторно да го разгледа и гласа. Доколку се изгласа и по втор пат, претседателот нема друга опција освен да го потпише Указот. Сплотеноста на власта и опозицијата во однос на легализацијата на кривичното дело „бесправно градење“ не ни влева надеж за правна држава“, наведоа од „Фронт21/42“.

Законот за третман на бесправно изградени објекти беше изгласан  по скратена постапка на почетокот на неделава, со 72 гласа „за“, три „воздржан“ и пет „против“. Со него се предвидува легализација на дивоградби изградени до денот на негово стапување во сила и ќе важи до правосилно завршување на постапките почнати со него. Најмногу реакции уследија за можноста за легализација на дивоградби во заштитени подрачја, но според ресорниот министер Благој Бочварски тој член од законот е внимателно одреден и легализацијата ќе се врши само со согласност од Министерството за животна средина.

Со законот не се опфатени дивоградбите во Охридскиот регион под заштита на УНЕСКО, како и од станбените згради и нивни доградби и надградби. Во собраниска процедура е и Предлог закон за изменување на Законот за легализација на дивоградби, што беше донесен во 2011 година. Со него се предлага продлжување за уште пет години на тој Закон, којшто важеше до март годинава, со цел, според облазложението, да се заврши постапката за околу 140.000 барања за легализација што не се заокружени по различен основ.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    251 shares
    Share 100 Tweet 63
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ