• Latest

Законот за попис помина во прво читање

December 10, 2020
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
Фото: Скриншот од Viory video

Над 80 сандаци со нацистички материјали пронајдени во подрумот на највисокиот аргентински суд

May 12, 2025

Новиот папа повика на ослободување на новинарите кои моментално се во затвори низ целиот свет

May 12, 2025
Фото: Скриншот од вифро нс НБЦ

Хамас најави ослободување на Едан Александар, последниот познат жив израелско-американски заложник во Газа

May 12, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните порачуваат – Одете си, не ве бива; Да се „симнат од облаците“ за да ја видат сиромаштијата; Во Скандинавија не се пука како кај нас…

May 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

САД и Кина постигнаа договор за намалување на царините за 115%

May 12, 2025
СРЕДЕНО Таравари и Мицковски како добри сојузници и со холивудски амбиции

Таравари и Мицкоски најавија „сиктер кафе“ од владината коалиција ама уште не го испиле

May 12, 2025
Фото: Скриншот од видео од профилот на Доналд Туск на Х

Туск ја обвини Москва дека го наредила палењето на трговскиот центар во Варшава во 2024 година, Полска го затвори рускиот конзулат во Краков

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Законот за попис помина во прво читање

December 10, 2020 16:36
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Комисија за европски прашања денеска во прво читање со десет гласа за и ниту еден против и воздржан го поддржа и го проследи во натамошна собраниска процедура Предлог-закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, согласно кој треба да се овозможи одржување на оваа статистичка операција наредната година.

Членовите на Комисијата од опозицијата се согласија дека има потреба од донесување вакво законско решение, но искажаа повеќе забелешки на предлогот и најавија амандмни за подобрување на текстот на законот. Забележаа дека треба да се остранат сите недостатоци на текстот, со цел како што нагласија, да се избегне политизација на оваа статистичка операција. Според нив, вака како што е предложен законот остава можност за сомнеж за политичко влијание. Тие побараа и организирање јавна расправа со цел да се чуе мислењето на експртите по ова прашање и да се донесе квалитетно законско решение.

Пратениците од власта, пак, истакнаа дека не треба однапред да се даваат квалификации за овој процес. Пописот, нагласија, ни е повеќе од потребен со оглед на тоа што последниот е спроведен пред дваесеттина години. Ако има конструктивни забелешки на опозицијата, најавија, ќе бидат разгледани во текот на амандманската расправа.

Пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека власта овој закон го изготвила нетранспарентно без консултација со сите заинтересирани страни, вклучително и без опозицијата.

-Од ваквиот начин на постапување произлегува заклучок дека целта на пописот не е да се спроведе статистичка операција која е значајна за креирање на десетгодишни развојни политики, туку дека пописот ќе се спроведе исклучиво само заради политички цели кои допрва ќе станат видливи, рече Стојановска.

Попис, рече таа, мора да има, но, само врз основа на препораките на конференцијата на ООН од 2015 година кои се однесувааат на попис на население и домаќинства во 2020, како и ЕУ легислативаата за попис на населние и домаќинства во 2021 објавени во 2019 година. Ние имаме сериозни заблешки, рече Стојановска, наведувајќи дека, меѓу другото, постои неусогласеност на законот со регулативите на Европскиот парламент.

-Опфатот на лица кои ќе бидат попишани согласно член 6 од овој закон нема да ја даде вистинската слика на резидентно население во државата и е спротивен на член 2 од регулативата 763/2008 на Европскиот парламент каде е јасно дефинирано кое население се попишува како резидентно население, нагласи пратеничката Стојановска.

Според неа, спорен е и начинот на попишување на лица на привремена работа и престој во странство по член 8, особено можноста да се попишат по електронска апликација, што исто така, нема да даде вистинска слика за лицата кои се надвор од државата повеќе од 1 година и кои не спаѓаат во група на резидентно население. Вака дефиниран начин на попишување, рече, овозможува сите лица кои се на привремена работа или престој во странство без разлика на времето во кое се отсутни од државата да бидат попишани како резидентно население.

Пратениците имаа забелешки на тоа што методологијата за спроведување ќе ја одредува директорот на ДЗС и тоа по донесување на овој закон. Со тоа, рекоа, се дава преголемо овластување на едно лице – директорот. Се забелжуваат, нагласија пратениците од опозицијата, повеќе политички аспекти, наместо стручни и професионални. Според нив, проблем е и тоа што не е предвидено постпописно истражување на најмалкиу 2 отсто од пописната маса заради утврдување на квалитетот на редовниот попис. Ова, според нив, значи дека сите пропусти можат да се прикријат. Забележаа на промена на терминологијата, сега се споменува термин државјани, наместо лица, како и на немањето временски период колку најмалку едно лице треба да има престој во Македонија за да биде попишано како затекнато.

Халил Снопче, од Алијанса за Албанците истакна дека проблемот со политизацијата на овој во суштина статистички процес е неминовен со оглед на тоа што, како што посочи, за жал, одредени права на граѓаните и припадниците на етничките заедници се врзани со процент од вкупното население. Дополнително, рече, тука е и прекинатиот попис во 2011 година. Затоа, како што истакна, треба да се направат напори да се донесе решение за попис во кој како процес ќе имаат доверба сите граѓани.

Пратеничката Снежана Калеска Ванчева од СДСМ вели дека не гледа причина за дискусија од политички аспект за еден процес како што е пописот.

-Дали треба да дискутираме за содржината. Апсолутно. Нема совршени луѓе, ниту закони. Колку што знам секое законско решение без разлика кој е предлагач, низ расправа се утврдувало дали може поинаку и подобро. Тоа е суштината на парламентарната демократија. Затоа овде се носат законите. Затоа треба да имаме дебата. Но, со едно не можам да се согласам, а тоа е дека законот наликува на политички или има некаква политика имензија. Мислам дека конечно е време да почнеме ние самите да го минуваме нашето размислување и да веруваме на експерти во оваа држава кои ги има и на институции кои се по закон задолжени за одредени прашања, рече Калеска Ванчева.

Претходно, законот пред пратениците го образложи заменик-министерот за правда Агим Нухиу. Тој појасни дека во рамки на оваа статистичка операција ќе можат да се попишат државјани на Република Северна Македонија кои имаат живеалиште или престојувалиште во земјава, без разлика дали во моментот на пописот се наоѓаат во во државата или во странство.

За лицата – државјани на Република Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство податоците од член 10 од овој закон ги дава полнолетно лице на кого најмногу му се познати, при што го дава својот ЕМБГ и ЕМБГ на лицето за кое дава податоци во пописот. За лицата-државјани на Република Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство ќе се овозможи и самопопишување во периодот од 1 март до 21 април 2020 година на посебна апликација која е достапна на веб страницата на Државниот завод за статистика.

Пред почетокот на седницата и отворањето на расправата процедурално реагираше пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ која истакна дека Комисијата за европски прашања не треба да биде матично тело за овој закон, туку тоа треба да биде Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Повторно, рече таа, се повикувате на европско знаменце и усогласување со европски директиви, а тоа усогласување со предложениот закон не го правите. Ние, додаде Пешевска, не ја спориме потребата од донесување закон за попис, туку начинот на кој тоа се прави, со злоупотреба на европското знаменце.

Дебатата за законот за попис во Комисијата за европски прашања, согласно собранискиот Деловник може да трае најмногу три дена, но таа заврши денеска откако сите пријавени за збор ја завршија својата дискусија.

Во земјава првиот попис е одржан во 1948 година. Спроведени се осум пописи, а последниот во 2002 година. Во 2011 година почна да се релизира ваква статистичка операција, но, таа беше прекината./МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ