По тринеделен зимски распуст, денеска започна второто полугодие од учебната 2024/2025 година, основците и средношколците се вратија во училиштата.
Оваа учебната година ќе заврши на 10 јуни за сите ученици, освен за матурантите, кои ќе учат до 16 мај.
Учебната година нема да биде продолжена како минатата година бидејќи ќе нема пролетен распуст кој беше воведен лани, објави Министерството за образование и наука кое за оваа одлука, оваа учебна година анкетираше наставници, родители и ученици од повисоките одделенија и, како што информираше, мнозинството се изјасниле дека не сакаат пролетен распуст.
М. Д.