• Latest

Затворите не ги почитуваат меѓународните стандарди и човекови права

July 22, 2019
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Затворите не ги почитуваат меѓународните стандарди и човекови права

“Жените немаат редовен пристап до гинеколог, а всушност гинеколог нема во ниту една казнено поправна установа. Стоматолошките услуги претежно  се вршат во клиники затоа што нема вработен ниту стоматолог. Како на пример во Идризово и таа една стоматолошка столица која што постои не е функционална, а иронијата да биде поголема најголем број од поплаките на осудените лица се однесуват токму на проблеми со забите, истакна Васка Бајрамовкс Мустафа

July 22, 2019 16:52
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Недостиг на елементарни услови во затворските ќелии, недостиг на лекари и друг медицински кадар, недоволна количина на храна и употреба на тортура дури и кон малолетните, констатирале собраниската комисија за надзор на казнено поправните установи и Народниот Правобранител.

Дел од забелешките ги прифатија и од Дирекцијата за Извршување санкции, за дел  вината ја префрлија на менаџментот на затворите а за многу недостацоци најавија инвестиции и поголем ангажман.

“Работната група и раководниот тим на затворот заеднички ја потенцираа потребата за почитување на мегународните стандарди за човековите права, потребата од дополнување, унапредување на условите во затворот, како и потребата за зголемена заложба за поддршка за градење на капацитети на институцијата, зголемување на буџетот за управување на затворот и хуманиот третман на затворениците, зголемување и обука на човековите ресурси, јакнење на мерките за ресоциализација, мерки за едукација и рехабилитација од страна на националните институции итн”, изјави пратеник Фадил Зендели кој заседаваше со јавната дискусија за надзорот на условите во затворите низ земјата, а кој беше и дел од комисијата која извршила надзор на 3 затвори.

Во Идризово Зендели посочи дека забележале и недостиг на храна а и таа што била била со недоволен квалитет. Од Дирекцијата за извршување на санкции најавија инвестиции и подобри услови како материјални така и во однос  на едукативните и образовни програми за рехабилитација на затворениците.

“Дека квалатитетот и количеството на храна за осудените лица е назадоволително, тоа е осмата констатација во извештајот, за која можеме делумно да се согласиме и тоа само од аспект на количеството кое не секогаш ги задоволува потребите на осудените лица. Но од аспект на квалитетит на храната истиот е гарантиран со постапките на јавна набавка на продуктите, а остатокот зависи од умешноста на готвачот и залагањето на менаџерот на затворот  квалитетот да биде подигнат на повисоко ниво”, изјави Билјана Зефиќ, директорка на Дирекцијата за извршување санкции.

Од Народниот Правобранител како најголем проблем го посочија недостигот на најбараните лекари. За осудените жени во ниту еден затвор нема вработен гинеколог, а иако притворените и затворените најмногу се жалат на болки од заби, исто така нема ниту еден стоматолог. Од оваа институција потенцираа дека во нашите затвори сеуште се тепаат деца со гумени палки и тоа било потврдено и од лекарски тимови и форензичари.

“Жените немаат редовен пристап до гинеколог, а всушност гинеколог нема во ниту една казнено поправна установа. Стоматолошките услуги претежно  се вршат во клиники затоа што нема вработен ниту стоматолог. Како на пример во Идризово и таа една стоматолошка столица која што постои не е функционална, а иронијата да биде поголема најголем број од поплаките на осудените лица се однесуват токму на проблеми со забите. Во разговор со едно од децата, само како пример, малолетник што издржува казна затвор, тимот доби информации дека бил удрен со гумена палка. При извршениот преглед на телото беше констатирана видлива повреда на која и надворешниот соработник кој беше во придружба на форензичарот даде првична оценка дека повредата навистина потекнува од таков удар”, изјави Васка Бајрамовска Мустафа на собраниската јавна надзорна дискусија.

Арбен Зеќири

Share38Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ