Џошуа Хенсен, затвореник од затвор во градот Бјумонт во Тексас, бил забележан од страна на стражарите како трча надвор од кругот на затворот и собира голема торба која му ја фрлиле од автомобил.
Стражарите го фатиле Хенсен и кога ја отвориле торбата, внатре откриле вистинска гозба – тексашка скара, пржено пилешко, домашна храна и четири шишиња бренди и виски.
Хенсен (25) е осуден поради поседување на марихуана. Затворот во Бјумонт се наоѓа веднаш до ранч, кој роднини и пријатели на затворениците го користеле да им прошверцуваат тексашки специјалитети.
Извор: МИА
[divide]
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.