• Latest

Затворска и парична казна за навивачите кои шират национализам и говор на омраза – бараат граѓаните

September 24, 2020

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Затворска и парична казна за навивачите кои шират национализам и говор на омраза – бараат граѓаните

September 24, 2020 14:25
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Казни до 10 години затвор“, „парични казни до 5 ијлади евра“, „забрана од 5 години за посета на спортски натпревари“, се само дел од коментарите на прашањето на ЦИВИЛ поставено на Фејсбук страницата пред десет дена – Што мислите за национализмот кај навивачите групи, и како треба да се справат институциите со оваа појава?

Еве дел од коментарите:

Александар Кондев пишува: „Навивањето е страст, дружење, веселба, но секако не е „политика“… Спортот се злоупотребува уште од фашистичка Германија, Олимписките игри 1936 година, навивачите стануваат топлпа за сеење страв. Се сеќавате на Аркан и компанија… ама тоа се прави со дозвола од полиција и судовите. Маргарет Тачер докажа на најубав начин како хулиганите да се одвојат од вистинските љубители на спортот. Едно време и кај нас овие банди водеа „висока политика“, случајот „Кале“ со Шверцерите и Комитите, каде се измешаа наука, политика, историја и религија… Водачите ги знаете, тие и денес се во врвот на политиката кај нас. Тешко ќе се расчисти ова додека тие луѓе седат во пратенички клупи или се во високи функции.

Илирида Емале пишува: „Лесна работа, ако сакаат институциите да го решат овој проблем. Прво забрана за влез во стадион, второ удри по џебовите со казни околу 5.000 евра по човек, па ќе се види позитивниот резултат. Земето го примерот со Англија, потоа ги извадија дури и решетките до самиот терен. Ако се сака сè се може, туку некому не му одговара“.

Миесер Саити вели: „Мора да се справат, но тоа не е можно бидејќи и институциите се полни со такви, само облечени во одела и службени униформи“.

Олга Долица пишува: Пред секој спортски настан 24 часа во притвор, ако прават проблем и 1.000 евра казни, и повторно 24 часа притвор.

Џенгис Агуш пишува: „До вчера овие навивачи беа пулени на власта, го билдаа национал-шовинизмот. Треба строга примена на законите“!

Александар Тодоровски пишува: Како во Англија, забрана 5 години за појавување на спортски настани. Па да станат рибари…

Ненад Поповиќ вели: „Видете како го има решено проблемот г-ѓа Тачер. Три години пред празни стадиони“.

Горан Цветановски пишува: „Не се проблем таканаречените навивачи. Проблем се центрите кои ги финансираат и инструираат. Еден српски аналитичар има кажано дека тоа се ликови (таканаречените навивачи) кои апсолутно ништо друго не умеат да направат за да стигнат да бидат присутни во медиумите – а овие “активности“ баш лесно ги стваат во сите медиуми, и тие тогаш се чуствуваат многу среќно“.

Шабан Амети вели: „Многу лесно се решава со затвор од 10 до 20 години, па нека играат на карта на национализмот, ама да има рамноправна правда за сите без исклучок.

Зоран Јанакиески коментира: „Прво да им се скратат финансиите кои и не се мали, а казните да бидат огромни и да се забрани спорт во секој категорија што предизвикува штета“.

Виктор Фронски вели: „Само „Голи оток“ и во јуни, јули и август по 12 часа да кршат камења. Во здраво тело, здрав дух“.

Кадри Демири вели: „Многу едноставо, државните органи, МВР и ОЈО да ги почитуваат законите и тоа е сè.

Ана Симонова вели дека прво треба да се справат до себе, да ги употребат мозочните функции, тогаш институциите ќе немаат потреба да дејствуваат.

ЦИВИЛ најостро ги осудува говорот на омразата, ширењето на етничката омраза и повиците на насилство кои навивачките групи ги промовираат континуирано и со години.

ЦИВИЛ се залага за општество во кое владее слободата, еднаквоста и правдата, општество во кое граѓанките и граѓаните се чувствуваат безбедни и имаат доверба во институциите, каде што безбедноста, слободата на движењето и слободата на изразувањето се гарантираат со закон и со ефикасно функционирање на системот.

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ