• Latest

Охридско лето заврши со „Одисеј“ од Горан Стефановски

August 22, 2019

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
Students are focusing on books and making notes while studying and learning in a university library, representing education, academic research, and the pursuit of knowledge, copy space

Алармантни податоци за писменоста, ПИСА 2025: Северна Македонија далеку под просекот во знаење и вештини

September 9, 2026
Ед Милибанд (фото извор: GOV.UK)

Историски пресврт во британската политика кон Израел: Санкции за окупацијата и обвинувања за етничко чистење

September 9, 2026
Ландтаг, Саксонија-Анхалт

АФД победи во мала покраина, но предизвика голем потрес: Саксонија-Анхалт како предупредување за цела Германија

September 9, 2026
Министерство за надворешни работи на Босна и Херцеговина (фото извор: МНР на БиХ)

ЕСКАЛАЦИЈА: БиХ ги залади дипломатските односи со Србија по глорификацијата и погребот на Ратко Младиќ

September 8, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Кој ќе чека уште 25 години за демократија?

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026
Бленди Ходаи (фото извор: ФБ профил на авторот)

„Дали ти изгледам како идиот?“

September 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Охридско лето заврши со „Одисеј“ од Горан Стефановски

August 22, 2019 12:30
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со претстава „Одисеј“ по текст на Горан Стефановски, во режисерска поставка на Александар Поповски, а изведена од страна на актерска екипа од повеќе театарски куќи од речиси цела поранешна Југославија, беше затворено годинашното 59-то издание на „Охридско лето“.

Згасна огнот на речиси целосно исполнетиот Антички театар, а со него и магијата и возбудата што изминатите 40 дена ги исполнуваше фестивалските сцени. Педесеттина музички, сценски, поетски и содржини од ликовното творештво и беа понудени на фестивалската публика во Охрид, на Античкиот театар, во црквата „Света Софија“, во предворјето на црквата, на Долни Сарај, уметнички остварувања и доживувања што остануваат врежани во богатата историја на најголемата и најзначајната културна манифестација во земјата.

На свечено затворање на фестивалот пред бројните вљубеници во уметноста, меѓу кои и министерот за култура Хусни Исмаили, амбасадори на повеќе држави, пратеници, уметници, новинари, актерите од театарските куќи „Гавела“ од Загреб, „Улисис“ од Бриони, Српскиот народен театар од Нови Сад, СНГ „Драма“ од Марибор, „Ателје 212“ од Белград, Стериин Театар и Театар „Навигатор“ од Скопје „го вратија“ Одисеј дома во Итака. И самиот режисер на претставата, Александар Поповски, кој е и селектор на драмската програма на „Охридско лето“ на завршната прес-конференција вчера рече дека токму тоа е и причината со „Одисеј“ да се затвори годинашното фестивалско издание, за преку таа изведба да се врати и починатиот автор Горан Стефановски во Охрид.

Претставата понуди еден поинаков драмски пристап на одисеевата епопеја, со освежен текст и извонредна театарска игра на Oзрен Грабариќ, Aнита Манчиќ, Бранко Јордан, Наташа Матјашец Рошкер, Светозар Цветковиќ, Борис Исаковиќ, Jасна Џуричиќ, Дијана Видушин, Фрањо Дијак, како и нашиот Никола Ристановски, сето надополнето со внимателно поставена музичка матрица на „Фолтин“. Магијата под ведро небо и прекраснниот амбиент на Антички само дополнително придонесоа за целосно уметничко доживување и пат низ времето…

Годинашното фестивалско издание во Охрид донесе повеќе од 500 уметници, како домашни, така и врвни изведуавачи од Италија, Австрија, Русија, Бугарија, Германија, Чешка, Словенија, Албанија, Норвешка, Хрватска, Франција, Србија, Косово, Финска, но и бројни гости кои дојдоа токму заради фестивалските содржини.

Од сработеното изминатите 40 дена, но и преку содржините реализирани надвор од вообичаената програмска шема, задоволни се во управата на Националната установа. Селекторот на музичката програма на „Охридско лето“, Васо Ристов, со оценки дека е реализирано уште едно квалитетно, врвно, атрактивно фестивалско издание, како што рече, „достојно за паметење“.

– На врвните и маестрални изведби на брилијантните уметници, многубројната фестивалска публика им возвраќаше со долги стоечки овации на што уметниците се оддолжуваа со по три или четири биса. Задоволни беа и изведувачите, гости на фестивалот, кои упатија голем број пофалби до фестивалот за прекрасната организација на сите учесници, за реализација на фестивалот, гостопримството, топлата и внимателна публика, како и неповторливата акустика на сценските простори, посебно во црквата „Св.Софија“. Тие постојано ја искажуваа својата почестеност што се дел од ова фестивалско издание, фестивал кој е еден од најзначајните европски фестивали, со голема традиција и одличен рејтинг. Воодушевени и од убавините на Охрид, уметниците изразија желба повторно да се вратат и да бидат дел од оваа манифестација, истакна Ристов.

Според селекторот на драмската програма на „Охридско лето“, Александар Поповски, драмската програма на годинашното фестивалско издание исто така понуди квалитетни театарски претстави со театарски куќи. Оцени дека внеле свежина на фестивалот и оставиле силен печат врз публиката. Тој најави дека веднаш започнуваат подготовките за следното фестивалско издание.

– „Охридско лето“ е врвот кога станува збор за културните манифестации во нашата земја. И она што не чека догодина се 60 години и навистина една преубава можност да започнеме нов круг и нова приказна со „Охридско лето“, рече Поповски.

На завршната прес-конференција, директорката на установата Наташа Поповиќ и програмските селектори најавија дека следната година, по повод јубилејот на шеесеттото издание, „Охридско лето“ ќе биде збогатено со нови содржини кои ќе ги потврдат и продолжат високите позиции што фестивалот ги ужива во рамки на Европската асоцијација на фестивали.

Извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ