Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се сретна со Кадри Симсон, еврокомесарка за енергетика. Тие разговараа за тоа како руските напади врз електричната мрежа на Украина ја принудија Украина да престане да извезува електрична енергија во Европа, пишува Гардијан.
Сигурен сум дека ќе вратиме се во нормала, а во некои помирни времиња, кога ќе се стабилизира состојбата со нашиот енергетски систем, ќе продолжиме да извезуваме струја во Европа, истакна Зеленски.
Тој и пренел на Симсон дека руските сили сериозно оштетиле околу 40 отсто од енергетската инфраструктура на Украина, пред се термоцентралите и хидроцентралите.