„Денес сакам да им се заблагодарам на милиони луѓе ширум светот кои ја поддржуваат Украина и бараат од нивните лидери #ArmUkraineNow. Тие разбираат дека секое оружје во рацете на нашата армија е исклучиво за одбрана од напаѓачите“, напиша украинскиот претседател Зеленски на Телеграм споделувајќи ја кампањата во која меѓународната заедница се повикува на помош, да ѝ помогне на Украина да се вооружи, за да се одбрани од руската брутална агресија.
„Тешкото оружје се алатките што ни се потребни сега за да го заштитиме нашето цивилно население од воздушни и артилериски бомбардирања, да ја зачуваме нашата инфраструктура и нашите градови. Русија нема да се запре. Наоружајте нè со доволно тешко оружје, и ние ќе ја завршиме оваа војна порано отколку подоцна – со помалку украински цивили и војници осакатени и убиени. Придружете се на милиони гласови во глобалната кампања на социјалните медиуми: #ArmUkraineNow
1. Објавете слика со знак #ArmUkraineNow
2. Повикајте ја вашата влада да обезбеди тешко оружје за Украина
3. Тагнете 3 пријатели и замолете ги да го направат истото
Застанете со украинскиот народ за каузата за мир и правда! Заедно можеме да победиме!“, повика Зеленски.