„Нашиот народ секојдневно дава отпор на воздушниот терор. Во пресрет на третата годишнина од целосната војна, Русија примени 267 ударни беспилотни летала против Украина. Најголемиот напад откако иранските беспилотни летала почнаа да ги погодуваат украинските градови и села. Вкупно, во текот на целата недела, речиси 1150 ударни беспилотни летала, повеќе од 1.400 контролирани воздушни бомби и 35 проектили од различни типови“, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видео обраќање.
Зеленски потенцираше дека војната беснее и секој треба да даде се од себе за да се постигне траен мир.
„Треба да дадеме се од себе за да донесеме траен и праведен мир за Украина. Тоа е можно во единството на сите партнери – потребна ни е моќта на цела Европа, моќта на Америка, моќта на сите кои сакаат сигурен мир. Им благодариме на сите наши партнери кои помагаат и го разбираат ова!“, изјави Зеленски