• Latest

На Мерко му е изречена казна од 10.000 евра за несовесно работење

June 20, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

„Научното откритие“ на Кекеновски е операција со пошироки размери

July 16, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: Kамен темелник за ветерен парк кај Штип; МВР бара 150 непартиски полицајци; ЕУ формира центар за борба против медиумските дезинформации во Украина и Молдавија

July 16, 2025

Израел го бомбардира сирискиот град Дамаск

July 16, 2025
Фoто: Скриншот Влада

Меџити: Ќе се отстранат 4.000 ВЛТ апарати, затворени над 200 онлајн страници за коцкање

July 16, 2025
Robert Fico/Viktor Orban
Source: Wikipedia

Политико: Словачка ризикува да стане „следната Унгарија“, стравуваат пратениците на ЕУ

July 16, 2025

Мицкоски: Нè исмејуваа, но правиме гигантски чекори во економијата

July 16, 2025

ВЛЕН ќе го кандидира Касами за уште еден градоначалнички мандат во Тетово

July 16, 2025
Фотографија: Скриншот од Times Radio на Youtube

Украинскиот пратеник Мережко на Times Radio за военото ветување на Трамп: Огромен чекор кон мирот

July 16, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Нема пари за летување, ама има за луксуз за оние горе

July 16, 2025
Фото: принтскрин МВР

Тошковски: Македонија е далеку побезбедна од тоа што беше пред две години

July 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

На Мерко му е изречена казна од 10.000 евра за несовесно работење

June 20, 2025 14:58
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судот во Струга го прогласи за виновен градоначалникот Рамиз Мерко по обвинението за извршено кривично дело „несовесно работење во службата“, односно за сторени нерегуларности при назначувањето вршители на должност директори на општински основни училишта во селата Лабуништа, Радолишта и Подгорци.

Судијата Јордан Јованов, кој го водеше процесот за стореното кривично дело на обвинетиот му изрече парична казна, во износ од сто дневни глоби односно вкупно пресметано десет илјади евра во денарска противвредност.

Образложувајќи ја пресудата, судијата Јованов истакна дека при донесувањето на одлуката и пресметувањето на висината на казната имал предвид повеќе олеснителни околности, пред се тоа што обвинетиот нема кривично досие односно не е претходно осудуван.

– Во однос на наводите дека постои поделена одговорност меѓу градоначалник и министер во назначувањето директори, градоначалникот назначува и именува директори на општински основни училишта, како што е во предметот. Според тоа именувањето го прави градоначлникот и во решенијата стои негов потпис, рече судијата.

Сите директори, како што рече, назначувани на функцијата вд. директори во предметот се гледа дека истите не се бирани од редот на вработените, за назначувани без објавен јавен оглас, без искуство од пет години и оти се бирани едноподруго, иако така не е дозволено по закон.

– Не е спорно дека поставените директори ја вршеле работната обврска, но спорно е дали можело да бидат назначувани. Постојат правила како се прави тоа и се додека тие се во важност не смее да се заобиколуваат, истите мора да е почитуваат, рече судијата.

Имајќи предвид дека се работи за повеќе случаи, за повеќе училишта, и спротивно записниците од инспекцисниот надзор во кои е укажувано на неправилностите, се работи за продолжена процедура на назначување директори, и тоа во за повеќе лица и повеќе пати, едно лице дури шест пати едноподруго без посебно одобрение.

– Како олеснителна околност Судот ја имаше предвид ситуацијата дека во секој сектор има недостиг од кадри и дека работата морало да се реши, вработените да земаат плата, Судот истите ги ценеше при одмерувањето на видот и висината на казната. Сите тие околности, земени во склоп со фактот што обвинетиот не е досега осудуван, водат кон тоа Судот да се одлучи да го осуди на парична казна, рече Јованов.

Застапниците на Обвинителството најавија дека ќе ја обжалат пресудата.

Против Рамиз Мерко пред Основниот суд во Струга се водат уште два одвоени предмети по обвинение за назначување директор во училиштето „Браќа Миладиновци“ што е во завршна фаза, закој разврската се очекува наредниот месец. За наредниот месец судијата Јованов го закажа и рочиштето по предметот за училиштето во селото Велешта, каде има и обвинети што се товарат и за фалсификување исправа, на кое останува да се сослуша уште само еден сведок. Против Мерко се води и процес во кој тој е обвинет за незаконско поставување спомен-обележје пред општинската зграда.

Судот во Струга пред дееттина дена донесе ослободителна пресуда по предметот што против Мерко се водеше за набавката на луксузното возило „Ауди А6“ и други возила за потребите на Општината во вкупна вредност од 114 илјади евра.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • фото: ФБ с. Батинци

    Во скопско Батинци е убиен Агим Мухареми, припадник на АРМ

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Хиперсоничниот удар на Русија со „Кинжал“ врз украинска воздухопловна база повторно неуспешен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Научното откритие“ на Кекеновски е операција со пошироки размери

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Иноватори, локалци и други приказни за големи деца

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ