• Latest
м-р Велин Стојановски

Зголемените пензии предизвикаа тензии

February 28, 2022

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Зголемените пензии предизвикаа тензии

February 28, 2022 14:25
in ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
м-р Велин Стојановски

м-р Велин Стојановски

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕЛИН СТОЈАНОВСКИ

Со јануарските пензии пензионерите добија зголемување според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие што процентуално изнесува 2.9% во однос на пензиите од претходниот месец. Колку изнесува тоа зголемување пензионерите? Тие што во декември примиле  најниска пензија во износ од 9986 денара тоа зголемување изнесува скромни 289 денари така тие во јануари примиле по 10276 денари. За тие пак што во декември примиле максимална пензија  во износ од 57992 денари зголемувањето е убави 1681 денар и во јануари примиле по 59674 денари.

Тие што примиле скромно зголемување оправдано реагираа и јавно го искажаа своето незадоволство поткрепено со фактот дека порастот на трошоците за живот се исти и за тие со најниска и за тие со максимална пензија. Нивното оправдано барање е зголемувањето да биде исто за сите пензионери.

Од друга страна тие со повисоки пензии тврдат дека имаат законско право на поголем износ на зголемување затоа што додека работеле одвојувале повисок износ во пензискиот фонд.

Ова е законска неправда за најголемиот дел од пензионерите. Во пракса ако две лица се вработиле ист ден во иста фирма при што едниот ја имал максималната плата, а другиот минималната и заминале во пензија ист ден со ист пензиски стаж. При заминување во пензија како резултат на тоа што имал поголема плата и уплаќал повеќе во пензискиот фонд едниот остварил пензија на пример 50000 денара, а вториот 10000. Разликата е 40000 денара и тука завршува приказната.

Со денот на заминување во пензија завршува и уплатата во пензискиот фонд и разликата треба да остане иста  се додека ја примат пензијата. Односно секое идно усогласување треба да биде исто за двајцата. За жал со наведеното усогласување првиот практично добил 1450 денара, а вториот само 290 денара. Со тоа разликата во нивните пензии се зголемува на 41160  денари иако од денот на пензионирање двајцата не плаќале во пензискиот фонд. Со секое наредно процентуално усогласување таа разлика се зголемува.

За подобрување на стандардот на пензионерите потребно е во иднина усогласувањата да се вршат не само со индексот на растот на трошоците за живот туку и соодветно на растот на платите. Сметам дека најдобро е зголемувањето по основ на индексот на растот на трошоците за живот да биде линеарно односно исто за сите пензионери, а по основ на растот на платите да биде процентуално и да  го добиваат само пензионерите кои имаат пензија помала од просечната плата во државата.

Втора неправда кон пензионерите е соодносот на најниската и максималната пензија која во моментов изнесува приближно еден спрема шест. Што не прави единствена држава во светот со волку голема разлика. Во светот овој сооднос се движи од еден спрема еден до еден спрема максимални четири. За да се надмине овој проблем потребно е постепено намалување на разликата помеѓу најниската и максималната пензија. Тоа ќе се постигне ако максималната пензија законски се ограничи на не повеќе од 1,8 пати поголема од просечната плата, а минималната на 80% од минималната плата.

Со вакво решение ако ги земеме сегашните вредности на просечна и минимална плата најниската пензија би била околу 15000 денари, а максималната околу 54000 денари. Потребата да се контролира максималната пензија произлегува од две причини. Прво, ако идниот пензионер со солидна плата знае дека ќе прими законски лимитирана максимална пензија ќе се ориентира и кон дополнителните пензиски столбови. Вака тој е сигурен дека ќе има солидна загарантирана пензија неколку пати поголема од просечната плата и се одлучува да не инвестира во дополнителните извори на пензија. Второ, со честото менување на законите се створи огромна разлика на максималните пензии на лицата кои заминале во пензија заклучно со 2015 година и тие од 2016 година до денес.

Третата неправда е бесплатната здравствена заштита. Убаво е тоа што тие со пензии до 15000 се ослободени од партиципација. Неправдата е што во едно пензионерско семејство ако двајцата брачни другари се приматели на пензија со износ помал од 15000 и логично се ослободени од партиципација. Во друго семејство само едниот брачен другар остварил право на пензија на пример од 15100 денара и не се ослободени од партиципација иако нивните вкупни примања се помали од семејството со две пониски пензии.

За надминување на оваа неправда до креирање услови за целосно бесплатно здравство за сите пензионери надлежните да обезбедат постепено плаќање на истото. Така на пример тие со пензии до 20000 би плаќале 10% од партиципацијата, тие со пензии до 25000 би плаќале 20% од партиципацијата итн. Колку поголема пензија ќе плаќа поголем процент од партиципацијата.

Пензионерите заслужуваат да имаат примања со кои би имале реални услови за активно стареење. Надлежните треба да донесат системски законски решенија со кои ќе обезбедат услови пензионерите да бидат сигурни дека нема секоја власт да ги злоупотребува и на нив смета само кога се ближат избори. Секоја измена на законите пред избори само создава поголеми разлики и незадоволства кај пензионерите.

ПС: Изнесените ставови се лични. Иако не сум во групата со ниски пензии со сето срце посакувам пензионерите со ниски пензии што поскоро да добијат поголеми пензии.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ