Деновиве Скопје го зафати фудбалска еуфорија, Супер-купот меѓу „Реал“ – Мадрид“ и „Манчестер Јунајтед“. ЦИВИЛ Медиа направи анкета на скопските улици, во која, на прашањето – за кого ќе навива на утрешниот натпревар, еден граѓанин ни одговори: „Нема да навивам, ќе гледам да уживам“.
Нашиот соговорник потенцираше дека е убаво што во живо – „ќе видиме и ние конечно, европски (светски) фудбал. Жал ми само што нема да видиме ‘наше дете’, како истрчува на терен во дресот на ‘Реал’ или ‘Манчестер’, како што истрчуваа Панчев, Канатларовски, Најдовски…“
Тој апелира да нема никакви инциденти, да се навива фер и спортски и како што вели „да нѐ запамети светот дека и ние знаеме да организираме нешто, нешто што тие организираат 2-3 пати годишно“!
Вулнет Махмути
Камера: Дехран Муратов