• Latest
Самуел Жбогар. шеф на ЕУ Делегацијата во Скопје

Жбогар: Случајот „Рекет“ е доказ за владеење на правото

July 18, 2019

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Жбогар: Случајот „Рекет“ е доказ за владеење на правото

СЈО, според Жбогар, работело напорно и завршило добра работа во досегашниот период, во правец на градење судска пракса за коруптивните случаи, како и за случаите кои произлегуваат од прислушуваните разговори...

July 18, 2019 18:01
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Самуел Жбогар. шеф на ЕУ Делегацијата во Скопје

Самуел Жбогар. шеф на ЕУ Делегацијата во Скопје

Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорот на Европска Унија во Скопје ја смирува јавноста со изјава дека последниот скандал со „Рекет“ не треба да влијае во евроинтеграцискиот процес. Во овој случај тој гледа показател дека има напредок во владеење на правото и дека веќе и Јавното обвинителство почнало да се бори против корупцијата и организираниот криминал.

„Сметам дека она што моментално го презема Јавното обвинителство е демонстрација на функционално владеење на правото. Самиот факт дека ЈО почнува да работи на случаи на корупција, а не само СЈО, покажува дека има напредок и тоа е добро“, изјави амбасадорот Жбогар.

СЈО, според Жбогар, работело напорно и завршило добра работа во досегашниот период, во правец на градење судска пракса за коруптивните случаи, како и за случаите кои произлегуваат од прислушуваните разговори. Затоа, ЕУ амбасадорот цени дека напорите за изнаоѓање на решение за СЈО, во рамки на Јавното Обвинителство, треба да продолжат до постигнување на договор.

„Таму работат извонредни правници и истражители. Очекувам дека политичките лидери, кои се надевам дека ќе се сретнат утре и ќе се обидат да најдат решение за иднината на СЈО во рамки на Јавното обвинителство“, додаде Жбогар.

Оваа изјава е прва силна поддршка за институцијата Специјално јавно обвинителство, по објавувањето на скандалот со рекет на бизнисмени осомничени во случаите кои ги води СЈО, а каде се покренаа сомнежи и за вмешаност на обвинители на ова обвинителство. Деновиве се очекува ОЈО да излезе со конкретни и прецизни информации за тоа кои лица биле мешани, а премиерот Зоран Заев побара да се открие дали главната Специјална обвинителка Катица Јанева била вмешана или злоупотребена од двајцата осомничени во овој случај.

А. Зеќири

фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Share172Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ