Categories

НВО ЦИВИЛ на саемот за активно граѓанство

Третиот саем за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје денеска ќе се одржи во Младинскиот културен центар. Годинава мотото е „Активно граѓанство = подобро општество“.

На саемот ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе има свој информативен штанд каде ќе се презентираат сите активности на организацијата.

Саемот за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје се организира како дел од активностите за одбележување на 5 Декември, Меѓународниот ден на волонтерството. Овој саем е во организација на здружението на граѓани „Волонтерски центар Скопје“, а финансиски е поддржан од Град Скопје.

На саемот се предвидени три тематски трибини, а презентации ќе имаат здруженија на граѓани и фондации кои се регистрирани на територија на Скопје, но и оние кои не се регистрирани во главниот град, но дел од своите активности ги спроведуваат во корист на скопјани.

 

Print Friendly, PDF & Email