• Latest

Црна статистика

August 31, 2017

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Црна статистика

August 31, 2017 13:30
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вчера починатите четиримесечно бебе и новороденче на Детската клиника ја покачија црната статистика на седум починати бебиња и деца во Македонија, во изминатите десетина дена! Претходно, на Клиниката за гинекологија починаа три новороденчиња, а во Струга и Охрид, седуммесечно бебе и двегодишно дете…  Само во второто тримесечје на 2017 година, починале 54 бебиња на возраст до една година…

Четиримесечното бебе и новороденчето кои вчера починаа на Детската клиника во Скопје биле со вродени здравствени проблеми, едното на Детската клиника се лекувало од раѓање, а другото починало откако било префрлено од Гинекологија на Детската клиника.

Според извештајот од Клиниката, четиримесечното бебе било од ризична бременост, родено во 41. гестациска недела, имало тешка вродена аномалија која предизвикувала проблеми со срцето и белите дробови, поради што било лекувано во гевгелиската болница, а потоа е хоспитализирано на Клиниката во Скопје. Поради влошување на општата состојба со продлабочување на прекините на дишењето и на срцевата акција, детето било реанимирано, интубирано и поставено на респиратор, но по влошување на состојбата и неколкукратните обиди за реанимација, детето сепак, починало.

За двегодишното девојче од Охрид се чекаат резултати од обдукцијата, според кои ќе се утврди дали имало лекарска грешка или не, а за седуммесечното бебе од Струга, министерот Арбен Тарвари ја отфрли лекарска одговорност. За смртта на трите бебиња на Гинекологија, исто така, се чекаат официјалните извештаи од комисиите коишто Министерството за здравство ги формираше за испитување на смртните случаи.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, кој наследи хаотична ситуација во јавното здравство, изјави дека нема магично стапче, но дека борбата за намалување на смртноста на децата ќе биде негов приоритет.

„Најпоразително од сè, битка која, за жал, неуспешно била водена во изминативе 25 години – битката за нашите новороденчиња. Јас, како и никој друг, немам магично стапче. Загрижувачката бројка на смртност кај новороденчињата и мене ме погодува, не само како министер, туку и како човек и како родител. Не, јас немам магично стапче. Но, имам волја… Имам упорност. Имам решителност и најважно од сè, сигурност дека Македонија треба, мора и ќе има подобро здравство! Сè додека седам на ова столче, ветувам дека мој приоритет ќе бидат децата, бидејќи тие се наша иднина, наша светлина и наша гордост. И оваа битка ќе ја водиме за нив. Бидејќи тоа тие го заслужуваат од нас“, соопшти Тараври.

Но, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, поднесе интерпелација за министерот Таравари, бидејќи како што велат: „Во Македонија веќе не смее да умираат луѓе поради хаосот кој го создава неспособниот Таравари“.

Во 2016 година починале 261 новороденче, односно 67 повеќе од 2015 година! Или 35% повеќе починати бебиња од 2015!  И во 2012/13/14, бројот на починати бебиња се движел од 229, преку 235, до 232, и покрај тоа, што преку превентивните програми на Министерството за здравство, се одвојуваа средства за да се заштити здравјето на бебињата и на родилките.

Во првата половина од годината починале 121 бебе, објави Државниот завод за статистика. Според последните податоци од ДЗС за природното движење на населението, само во второто тромесечие од оваа година починале 54 бебиња на возраст до една година.

Покрај сите стратегии и платформи, според дел од „белите мантили“, катастрофалната состојба во македонското здравство е последица на поставување на неадекватен партизиран кадар на функции, од министерската, преку директорските функции, до најниско рангираните места, како и на егзодусот од невидени размери на квалитетен медицински персонал!

Наведувајќи дел од причините за катастрофалните состојби во јавното здравство, педијаторот д-р Ангелчо Андоновски,  во разговорот за ЦИВИЛ Медиа, воден на 16 март годинава, беше дециден:

„Смртноста на новороденчињата и на доенчињата, како и останатите неразјаснети случаеви во здравството, се дело на несоодветните реформи, спроведени од несоодветен човек и од неговите послушници кои раководат и го менаџираат здравството во Република Македонија“.

 

Дехран Муратов

Tags: 2017бебињадоенчињаДржавен завод за статистикановороденчињапочинати
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ