Бедредин Ибрахими од Демократската партија на Албанците, на денешната прес-конференција што ја оддржа во просториите на Државната изборна комисија, ги искара новинарите дека не си ја знаат работата! По обраќањето на македонски јазик, тој не даде изјава и на албански јазик, бидејќи наводно, новинарите етнички Албанци не го заслужуваат тоа: „Не ви давам изјава на албански јазик, оти не ме почитувате!“
„Не можам да ве разберам, девет години не знаете која ви е функцијата“, им се обрати Ибрахими на новинарите кога, по завршување на неговото излагање, се обидоа да му постават прашања.
Една од службеничките на ДИК, по завршување на излагањето на Ибрахими, ја праша новинарката на ЦИВИЛ Медиа: „Малку сликаше до сега?“. И потоа, и забрани да фотографира.
Текст и камера: Дехран Муратов
Монтажа: Биљана Јордановска