• Latest

1 август низ вековите

August 1, 2018

Зеленски потпиша декрет за повлекување на Украина од Отавската конвенција за забрана на употреба на противпешадиски мини

June 29, 2025

Масовен руски напад врз Украина, Сибиха бара нови санкции на ЕУ и САД

June 29, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Едногодишен помен

June 29, 2025

Лариса Дир: Цела ноќ во Украина имаше воздушна тревога – рф нападна цивили со 477 дронови и 60 ракети

June 29, 2025
Газа, фото: принтскрин Х

Убиени најмалку 56 луѓе во израелските напади врз Појасот Газа

June 29, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани: Пожарот во „Пулс“ да не остане уште една трагедија затворена во архивите на неправдата, институциите да побрзаат со постапките

June 29, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Трамп ги повика Израел и Хамас да постигнат договор во Газа

June 29, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Белград по антивладините протести – мирно, но напнато, десетици уапсени, најмалку двајца повредени

June 29, 2025
Фото: Скриншот Х

Десетици приведени, повредени полицајци и граѓани по протестите во Белград

June 29, 2025
Фото: принтскрин Х

Убиени 16 војници во самоубиствен напад во Пакистан, Индија демантира дека е вмешана

June 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

1 август низ вековите

August 1, 2018 08:03
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

На денешен ден

10 п.н.е.- Роден е римскиот цар и историчар Клавдиј Први Тибериј Друз кој во текот на владеењето од 41 година го средил хаосот во државата, а потоа во 43 година ги освоиL Британските острови. Умрел во 54 година од отровни печурки кои му ги подметнала неговата четврта сопруга Јулија Агрипина со цел на престолот да го доведе синот од нејзиниот претходен брак Клавдиј Цезар Август Германик Нерон.

1502.- Италијанскиот морепловец Христофер Колумбо пристигнал на брегот на американското копно, дел кој подоцна го добил името Хондурас.

1744.- Роден е Жан Батист Ламарк, француски природонаучник и филозоф, основач на учењето за развитокот на живите суштества. Според него живите суштества ја менуваат структурата и некои органи зависно од животните потреби, а потребите се менуваат со промена на околината. Умрел на 18 декември 1829 година.

1798.- Во заливот Абукир, во Средоземното Море, англискиот адмирал Хорацио Нелсон извојувал најславна победа во историјата на поморското војување, победувајќи ја француската војска на Наполеон Бонапарта.

1819.- Во Њујорк е роден Херман Мелвил, северноамерикански романсиер, автор на познатиот роман „Моби Дик“. Умрел во Њујорк, на 28 септември 1891 година.

1834.– Ропството е забрането во целата Британска империја врз основа на што во британските колонии се ослободени повеќе од 770.000 робови, најмногу во таканаречена Западна Индија (Кариби).

1874.- Велика Британија го укинала ропството во сите британски колонии.

1884.- Во Скопје е роден Лазар Танев, прв претседател (градоначалник) на НОО на град Скопје по завршувањето на НОВ на Македонија. Умрел во Скопје, на 1 јануари 1956 година.

1910.- Во Софија умре Владимир Ковачев, македонски револуционер и поет (брат на Владислав Ковачев, револуционер и публицист). Неговата поезија е проткаена со нагласен револуционерен патриотизам и со неизмерна љубов кон својата земја и народ. Роден бил во Штип, на 5 јануари 1875 година.

1919.- Под притисок на интервенционистичките сили на соседните буржоарски држави, задушена била унгарската советска република на Бела Кун. На чело на државата дошол Јосиф Хабзбуршки, а во земјата бил воведен „бел терор“.

1960.- Дахомеј (од 1975 Република Бенин), француска колонија од 1892 година, добила независност. – Национален празник на Република Бенин.

1968.- Умрел Мито Хаџивасилев-Јасмин, македонски револуционер, борец, мислител, државник, новинар и публицист. Посебно значајно место имал во развојот на македонското новинарство и публицистиката. Учествувал во издавањето на речиси сите централни весници во Македонија во 1944 година. Еден бил од првите главни и одговорни уредници на весникот “Нова Македонија”, како и на други весници и списанија. Роден бил во Кавадарци, на 21 декември 1922 година.

1978.- Во Скопје умрел Спасе Куновски, македонски сликар, професор на Педагошката академија во Скопје и член на групата „Мугри“. Учесник бил на групните изложби на македонската и југословенската уметност во Франција, Бразил, Турција, Италија, Полска, Норвешка, Куба и на други места. Роден е во Дебар, на 25 септември 1929 година.

1994.- Претседателот на Германија Роман Херцог и изрази жалење на Полска поради страдањата кои неговата земја и ги нанела во Втората светска војна.

1997.– Умрел рускиот пијанист Свјатослав Теофилович Рихтер, еден од најзначајните пијанисти на 20 век. Автентично ги толкувал композициите на различните епохи, интерпретирајќи ги со совршена техника, што ја одушевувала концертната публика ширум светот.

2000.- Исламските терористи во Кашмир во седум напади масакрирале најмалку 100 луѓе.

2004.– Во пожар во еден супермаркет во предградието Асунсона, Парагвај, животот го изгубиле 409 луѓе, додека 454 биле повредени.

2005. – Умрел саудискиот крал Фахд, а за нов крал бил прогласен неговиот помлад полубрат принцот Абдулах. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Едногодишен помен

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ