• Latest
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Белград по антивладините протести – мирно, но напнато, десетици уапсени, најмалку двајца повредени

June 29, 2025
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Белград по антивладините протести – мирно, но напнато, десетици уапсени, најмалку двајца повредени

June 29, 2025 10:51
in ВЕСТИ, РЕГИОН, ТОП 5
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Share on FacebookShare on Twitter

Утрово, Белград се опоравува од големите антивладини протести што се одржаа вчера до доцна навечер на 28 јуни, на Видовден, национален и верски празник во Србија, кој ја означува Битката на Косово во 1389 година. Протестите, предводени од студентите, траат веќе осум месеци, а почнаа по колапсот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад во ноември 2024, при што загинаа 16 лица, трагичен настан кој се поврзува со корупција на властите.

Во судирите беа повредени шест полицајци, како и двајца цивили, објави српското Министерство за внатрешни работи. Исто така, повреден е најмалку еден новинар (камерман на N1 TV), иако јасно бил означен со ознаката ПРЕС.

Полицијата уапси неколку десетици учесници, според Ројтерс и AП, без точно наведени бројки. Властите сѐ уште не објавуваат точен број на уапсени.

Главниот митинг се одржа на плоштадот Славија во Белград, каде што учествуваа десетици илјади демонстранти, кои бараа предвремени парламентарни избори и оставка од претседателот Александар Вучиќ. Властите „пресметаа“ дека имало околу 36.000 учесници, додека независни набљудувачи проценуваат дека имало околу 140.000 демонстранти.

Дојде и до судири меѓу протестантите и специјалните полициски единици околу владините објекти и Пионерскиот парк, каде што се наоѓа провладиниот камп „Ћациленд“ уште од март годинава. Демонстрантите фрлаа јајца, шишиња, камења и факели, а полицијата возврати со солзавец, шок‑бомби и физичка сила.

Претседателот Вучиќ ги обвини протестите за обид за дестабилизација на државата и посочи дека во ова има странска вмешаност, иако во ниту еден момент не приложи докази за своето повеќепати повторено тврдење. Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, рече дека полицијата интервенирала за да го врати јавниот ред и ги уапсила само оние што ги нападнале полициските службеници.

Во деновите пред протестот, властите уапсија неколку луѓе осомничени за заговор за преврат и забранија влез на поединци од Хрватска и Црна Гора.

Денеска во Белград е мирно, но напнато. Се расчистуваат трагите од протестите, а на клучни локации се бележи голем број полицајци. Јавниот превоз се нормализира.

Студентското движење најави дека ќе продолжи со протестите додека не се исполнат нивните барања, меѓу кои сега главно е одржување предвремени избори. Редовен термин за следните парламентарни избори е 2027 година.

Џ. Д.


Белград, протести и паралели: Меѓу симболите од минатото и потрагата по иднината

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ