• Latest

1 октомври: Самит на „Економист“, разговори за Изборен законик, Закон за бесплатна правна помош, Јанева останува во притвор…

October 1, 2019

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

1 октомври: Самит на „Економист“, разговори за Изборен законик, Закон за бесплатна правна помош, Јанева останува во притвор…

Дневник на ЦИВИЛ: Зајакнување на моментумот за европска интеграција, средба на работните групи на власта и опозицијата за Изборниот законик, Иницијативата за една изборна единица денеска доби поддршка од СДСМ за изборни реформи...

October 1, 2019 16:21
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Самит на „Економист“: Зајакнување на моментумот за европска интеграција

„Зајакнување на моментумот за европска интеграција“ е темата на годинашното издание на Самитот на најпознатиот неделен економски магазин „Економист“, што денеска се одржува во Скопје. Самитот во Скопје доаѓа во пресрет на очекуваната одлука за доделување датум за почеток на преговори за Северна Македонија и почеток на нова ера во евроинтеграциските процеси на Западен Балкан.

Меѓу гостите и панелистите се премиерот Зоран Заев, поранешниот помошник американски државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел, поранешните премиери на Грција и на Белгија Алексис Ципрас и Ги Верхофштат, Мартин Шулц поранешен претседател на Европскиот Парламент…

„Доколку Европскиот совет не одлучи позитивно и не даде почеток на преговори со Северна Македонија ќе го казни најдобриот пример од државите во регионот“, рече премиерот Зоран Заев на дискусијата на Самитот.

„Овој договор ја покажува вредноста за која се бори ЕУ. Дел од него е и членството во Европската унија. Со овој договор се потврдува и амбицијата на ЕУ да воспостави мир и стабилност во овој регион. Северна Македонија е држава која го промовира процесот на проширувањето во рамките на европското законодавство. Тој покажува дека државата е кредибилен партнер за ЕУ и таа треба да одобри датум за преговори на следниот состанок на Европскиот совет“, изјави Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас.

Поранешниот помошник американски државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, истакна дека Преспанскиот договор е позитивен пример што мора да биде награден.

Средба на работните групи на власта и опозицијата за Изборниот законик

Министерката за правда Рената Дескоска информира дека членовите на работната група меѓу власта и опозицијата денеска ќе имаат средба за усогласување на измените на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

„Минатата година пред да дојдам во Министерството за правда постоела работна група во која се разговарало за измени на Изборниот законик. Биле направени одредени измени, кои не го видоа светлото на денот, односно не беа процесирани. По тоа имаше претседателски избори кои беа оценети како фер и демократски, но во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР имаме ситни препораки за измени во Изборниот законик“, рече Дескоска одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по повод стапување во сила на Законот за бесплатна правна помош.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Катица Јанева останува во притвор, одлучи Апелацискиот суд

Врховен суд ќе ја преиспитува пресудата за „мерцедесот“ на Гордана Јанкуловска

Иницијативата за една изборна единица денеска доби поддршка од СДСМ за изборни реформи

Условите за работа се главна пречка за ефективна и ефикасна работа на ДКСК, смета претседателката на Антикорупциската комисија,  Билјана Ивановска на денешната презентација од Здружението на граѓани „Транспарентност Македонија“ на првиот квартален извештај за следењето на работата и постигнувањата на ДКСК

Во првото тримесечје преку МојДДВ скенирани 22.670.713 фискални сметки

Денес стапува во сила новиот Закон за бесплатна правна помош, кој на голем број граѓани ќе им овозможи пристап до правдата и остварување на нивните права. Граѓаните добиваат бесплатна правна помош и еднаков пристап до правда – адвокатот, сите судски и административни трошоци се покриваат од буџетот, соопштија од Министерството за правда

МИСЛА

Крими приказната на Северна Македонија е заплеткана и возбудлива, често и смешна, ако се гледа од страна. Ако сте заплеткани во неа, не е ни малку смешно. Најчесто, не може ништо да се направи, освен да се гледа немоќно, како криминалците успеваат да ѝ фрлат евтина јадица на јавноста и да уживаат во ефектите од лажните вести и дезинформациите. Уличарски грубо, успеаја да му дадат еден сосема поинаков тек на македонскиот од кон иднината. Им успеа да ги изедначат, да ги поистоветат сите придобивки на демократската и ненасилна борба против Режимот со самиот Режим., пишува Џабир Дерала.

Чест на жртвите и хероите (на македонски начин): Убиени, затворени, исплукани, забранети, растргнати, исклоцани, И уште не умираат, зборуваат, пишуваат, Со идеали не трујат, замараат и попуваат?, стихови на Петрит Сарачини.

Биљана Јордановска

 

Share43Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ