• Latest

10 октомври: Бугарија „за“ почеток на преговори за членство, Франција бара одложување до 2020, три обвиненија за „Рекет“…“

October 10, 2019
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

10 октомври: Бугарија „за“ почеток на преговори за членство, Франција бара одложување до 2020, три обвиненија за „Рекет“…“

October 10, 2019 16:01
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Вест на денот: Бугарија со поддршка за преговорите за членство на РСМ и Албанија во ЕУ

Бугарското Народно собрание денеска усвои Декларација со која се предвидува Бугарија да даде целосна поддршка за отпочнување на преговорите за членство на Република Северна Македонија и Албанија во ЕУ.

Како што јави БГНЕС, Декларацијата, која беше прва точка на денешната седница на бугарското Собрание, е усвоена со 129 гласа „за“, четири „против“ и еден „воздржан“.

Бугарската Влада на вчерашната седница усвои Рамковна позиција со која се поддржува започнувањето на преговорите на Република Северна Македонија и Република Албанија со ЕУ, но се нагласува и дека Софија ќе инсистира на почитување на добрососедските односи. Едно од барањата на Бугарија е во документите на ЕУ да не фигурира „македонскиот јазик“, односно, доколку е потребно, да се користи терминот „официјален јазик на Република Северна Македонија“, или во апсолутна неопходност да се користи терминот ’македонски јазик’ во документи и ставови на ЕУ, со ѕвездичка во фусноста да се појаснува дека е тоа „согласно Уставот на Република Северна Македонија“.

Франција со предлог за одложување на пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија до 2020

Франција смета дека пред отворањето на преговорите за членство за Северна Македонија и Албанија, треба да се исполнат неколку услови. Албанија треба да спроведе реформи во судството и изборни реформи, а Северна Македонија треба да направи прогрес во прашањето со СЈО.

Отворањето на преговорите за членство, според Франција, треба да се одложи до 2020 година за двете земји, откако ќе ги исполнат гореспоментатите услови.

ОЈО со обвиненија за Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец, осомничени во случајот „Рекет“.

Како што се наведува во соопштението од Јавното обвинителство, првообвинетиот се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а двете други лица за „примање награда за противзаконито влијание“.  Второобвинетото лице се товари и дека сторило и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Флеш вести:

Во своето денешно сведочење на рочиштето за предметот “Таргет Тврдина”, поранешниот разузнавач, Зоран Верушевски, одговорајќи на прашањата на обвинителството поврзани со нелегалното прислушување во Управата за безбедност и контраразузнавање, изјави дека Никола Груевски треба да биде првообвинет во овој случај, бидејќи поседува голем број бомби и нив ги користи за да обезбеди повластен статус.

Пратеничката Фросина Ременски откако даде исказ во Кривичниот суд пред судија на претходна постапка за случајот „Рекет“ во изјава за медиумите рече дека не чувствува вина и оти очекува Обвинителството да го докаже тоа што и го става на товар. Се додека не биде докажана вина со правосилно судско решение, вели, таа е невина.

Цивилни активности

ЦИВИЛ: Неприфатлив однос на Бугарија кон Северна Македонија

 

Новите услови кои Бугарија и ги постави на Северна Македонија, на само пет дена пред почетокот на Самитот на ЕУ се крајно тенденциозни и претставуваат закана за земјата пред добивањето датум за преговори. Иако Бугарија се повикува на Договорот за добрососедство, чие исполнување е еден од условите за влез на Македонија во Европската Унија, со ваквите постапки ја доведува во прашање подготвеноста за соработка меѓу двете земји.

Неприфатливо е земја како Бугарија, која во Договорот се обврзува да работи на европската и евроатлантската интеграција насочена кон успешна подготовка на Република Северна Македонија за нејзино пристапување кон Европската Унија и НАТО, но и да работи на зајакнување на разбирањето, мирот и стабилноста во регионот, да поставува заканувачки ултиматуми, од позиција на земја членка на Унијата, се вели меѓу другото, во соопштението на ЦИВИЛ по повод условувањата  на Бугарија.

Мисла

Рафал – Соочување со минатото и сегашноста

Пишува: Џабир Дерала

Балканците треба секое утро, пред да си го измијат лицето пред огледало, да си ја повторуваат познатата изјава на Винстон Черчил, дека „Балканите произведуваат повеќе историја отколку што можат да потрошат“. Тоа треба да им биде утринска мантра на сите што живеат на било кое парче балканска земја подолго од еден ден. Треба да се стави како натпис на секој граничен премин… Да се стави веднаш под баркодот на секоја фискална сметка… Да биде прва реченица на секој час во училиште… Да се издлаби на работната маса на секој академик во секоја земја… На политичарите да им се постави како почетна страна на нивниот мобилен телефон, а може и како плочка на седиштата пред нив, додека се возат во скапите службени коли.

ОД КОРНЕР – Прво одговорите потоа гласовите

Пишува: Зоран Иванов

Збирот таканаречени десни конзервативни, освен што најавија поддршка на матичната партија во нејзината предизборна кампања насловена како „Обнова за Македонија“, ништо друго не соопштија. Ниту тие ниту пак досега партијата матица.

Дијана Тахири во соработка со: Маја Ивановска и Дехран Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ