На стоте дена војна во Украина , Би-Би-Си објави кратко видео за тоа како руските прорежимски телевизии известуваат за војната во Украина, пренесува МИА.
На почетокот од инвазијата врз Украина, што почна на 24 февруари, руската јавност беше известена дека не се води војна туку се спроведува специјална операција.
Руските сили соочени со отпорот на украинската армија, неосвојувањето на Украина и пренасочување на офанзивата кон Донбас, руските телевизии се обидоа на креативен начин да објаснат зошто Русија брзо не ја освои Украина: дека на Русите им е жал за Украинците, како и дека голем број во Украина се држат како заложници.
Телевизискиот наратив подоцна се промени и од „специјална воена операција“ до егзистенцијална борба против целиот Запад, а не само со Украина.
Руските телевизии постојано потсетуваат на руската нуклеарна моќ и што руското стратешко оружје може да им направи на западните држави.
Државната телевизија е исклучително влијателна во Русија. Според истражувањето спроведено во април годинава, дури 70 проценти од Русите се информираат преку телевизија, 38 отсто преку социјалните мрежи, 30 проценти преку онлајн медиуми и 18 отсто преку семејството и пријателите.
Министерството за одбрана на Велика Британија, на стоттиот ден од руската инвазија на Украина, објави дека Русија не успеа да ги постигне првичните цели, да ги заземе Киев и украинските центри на моќ, но, земјата постигна тактички успех во Донбас, објави
Министерството наведува дека се постигнати тактички успех во источниот регион Донбас и контрола на над 90 отсто од Луганската област.
Украинската војска соопшти дека во стратешки важниот град Северодонецк во областа Луганск, ноќва успеала да ги задржи позициите.
Во соопштението се додава дека руските сили и понатаму гранатираат украински позиции во градот и предградијата Боривск и Устинивка, како и во градот Лисичанск.
Пропаднаа и обидите на Русија да го отсече Северодонецк од линиите за снабдување позападно со напад на подрачјето околу Бахмут, се наведува во украинското соопштение.