• Latest

11 мај низ вековите

May 11, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

11 мај низ вековите

May 11, 2018 07:10
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

330.- Константинопол (сегашен Истанбул) станал нова престолнина на Римското царство. Градот бил наречен Константинопол според името на царот Константин Први Велики. 

1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски, хрватски композитор. Во своите дела се инспирира од музичкиот фолклор на балканските народи. Најпознати дела од неговиот богат музички опус се „Песна на мојата мајка“, „Словенска соната“, „Симфонија на Ориентот“ и други. Умрел во Белград, на 30 ноември 1955 година.

1904.- Во Фигерас бил роден Салвадор Дали, шпански сликар и протагонист на надреализмот во Франција и САД. Цртежите му биле изведени до перфекција и секогаш во простор во кој се насетува родниот крај. По Втората светска војна се вратил во Шпанија и работел комерцијални слики во духот на католичкиот мистицизам. Со своите слики изврши големо влијание врз низа уметници од целиот свет. Умре во Фигерас, на 22 јануари 1989 година.

1929 – Во скопското село Кожле, роден е Гане Тодоровски — македонски академик,  поет, преведувач, професор, есеист, книжевен критичар, историчар и публицист. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје каде што и докторирал. Работел како новинар во Танјуг, „Млад борец“ и „Студентски збор“. Бил долгогодишен професор по хрватска и македонска книжевност — XIX век на Филолошкиот факултет во Скопје. Во 1951 година станал член на Друштвото на писателите на Македонија, а во два наврата (1969–1971 и 1985–1986) е и негов претседател. Бил претседател и на Советот на Струшките вечери на поезијата (1970–1971). Член е на МАНУ од 1997 година. Во 1990 година Тодоровски е избран за прв претседател на Движењето за семакедонска акција МААК. Подоцна е назначен за прв амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација. Починал на 22 мај 2010 година. Закопан е во црквата „Свети Спас“ во скопското село Кожле на 26 мај 2010. Од неговото обемно поетско и научно и публицистичко дело се издвојуваат: „Спокоен чекор“, „Апотеоза на делникот“, „Претходниците на Мисирков“, “Снеубавен ден“, „Трактати за сонцељубивите“, „Скопјани“, „Подалеку од занесот, поблизу до болот“, „Со збор кон зборот“, „Неволици, неверици, несоници“, „И орач и воин“, „Книга за Венко Марковски“ и други. За своето творештво бил носител на врни македонски општествени и книжевни награди: „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Браќа Миладиновци“, „Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „Димитар Митрев“, „Ацо Шопов“ (награда), „Кирил Пејчинович“  и други.

1931.- Банкротот на „Кредит-Аншталт“, најголемата австриска банка, го означил почетокот на финансискиот колапс во централна Европа.

1946.- Во Милано со концертот на кој диригирал Артуро Тосканини, повторно била отворена миланската Скала. Била изградена во 1778 година, од Џузепе Пермарини и во неа можело да присуствуваат 3.000 гледачи. Во неа настапувале славните италијански уметници: Енрико Карузо, Тито Руфо, Амелита Гали-Курчи и други. Името го добила според црквата Санта Марија Скала, која се наоѓаше на местото каде што е изградена оваа оперска зграда, која повеќепати е обновувана.

1949.- Израел бил примен во Обединетите нации.

1973.- Долниот дом на Парламентот на Сојузна Република Германија ја потврдил спогодбата за воспоставување на односи меѓу двете Германии. Со тоа бил заклучен долгогодишниот период на отворено непријателство и непризнавање на Демократска Република Германија како суверена држава.

1974.- Во земјотресот што го зафатил јужниот дел на НР Кина загинале околу 20.000, а биле повредени околу 30.000 луѓе.

1981.- Починал  Боб Марли,јамајкански пејач-текстописец и музичар. Остана познат и почитуван изведувач на реге музиката и бил заслужен за помагање во ширењето на јамајканската музика ширум светот. Најголеми хитови на Марли се: „I Shot the Sheriff“, „No Woman, No Cry“, „Could You Be Loved“, „Stir It Up“, „Jamming“, „Redemption Song“, „One Love“ и, заедно со The Wailers, „Three Little Birds“, како и постхумно објавените „Buffalo Soldier“ и „Iron Lion Zion“. Албумот Legend (1984), објавен три години по неговата смрт, бил најдобро продаван реге албум кој достигна 10-кратен платински (дијамантски) тираж во САД и продажба над 20 милиони копии ширум светот.

1996.- Американскиот патнички авион ДЦ-9 се урнал во мочуриштето Еверглејдс на Флорида набрзо по полетувањето од аеродромот во Мајами. Несреќата не ја преживеа ниту еден од 110 патници и членови на екипажот.

2002.- Во Прилеп била промовирана Фондацијата на македонски јазик „Небрегово“. Целта на Фондацијата е да ја запознава македонската јавност со големото книжевно наследство на македонскиот писател и академик Блаже Конески.

2003. –  Починал Кирил Ќортошев – македонски филмски, театарски и телевизиски актер и режисер. Ќортошев е роден во 1923 година во Ќустендил, Бугарија. Од октомври 1945година станал член на Македонскиот народен театар, каде што, со прекини, поминал 32 години професионален ангажман. Дел од артистичката кариера ја поминал и во Драмскиот театар. Во 1965 година ја добил наградата „13 Ноември“ што ја доделува градот Скопје. Потоа следувале награда за најдобро актерско остварување на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ за улогата на Тате во претставата Макавејските празници и Награда за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“,1996. Ќортошев ќе остане запаметен по низа театарски креации, подеднакво добар во широк дијапазон на улоги – од комедии до трагедии, но и како режисер на повеќе театарски претстави. (МИА)

Tags: 11 мајвремепловна денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ