• Latest

11 ноември: Пендаровски во Франција, Тимоние најавува ратификација на Протоколот за НАТО, соочување и правда…

November 11, 2019

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

11 ноември: Пендаровски во Франција, Тимоние најавува ратификација на Протоколот за НАТО, соочување и правда…

November 11, 2019 16:35
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Тимоние: Франција до крајот на годината ќе го ратификува Протоколот за членство во НАТО

Процесот на ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО е во тек и без проблеми треба да се ратификува во Франција до крајот на годината, рече денеска францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние.

Тимоние изјавата ја даде по комеморацијата на француските воени гробишта во Скопје, по повод Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народна жалост.

Заев: Стравував дека ќе ми заврши животот на 27 април

Премиерот Зоран Заев, денеска во Кривичниот суд се соочи со Илија Петрушевски, кој е обвинет за кривично дело насилство во Собранието на 27 април 2017 година. Заев во сдуницата кажа дека за време на насилствата во законодавниот дом стравувал дека ќе го загуби животот. Сепак, по извинувањето од Петрушевски, Заев кажа дека нема да бара отштета, а од судот побара да го има предвид социјалниот аспект, како и сите околности и да донесе правична одлука за она што се случило.

Пендаровски во Франција, утре на средба со Макрон

Претседателот Стево Пендаровски од денеска до 13 ноември ќе престојува во Франција каде што ќе учествува на Парискиот мировен договор, а утре, како што е потврдено, ќе има средба со францускиот претседател Емаунел Макрон. Пендаровски ќе има можност директно од шефот на француската држава да ги слушне ставовите на Франција за проширувањето и за новата методологија на преговарање.

ВМРО-ДПМНЕ одби дискусија за стечајците, тензиите ја одлагаат и минималната плата

Тензиите во комисијата за труд и социјална пилитила ја одложија дебата за покачувањето на мимималната плата. Причина за оваа ситуација беа предлогот на пратеникот Самка Ибрахимовски и одбибањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за на иста седница каде на дневен ред е покачувањето на минимална плата, да се додаде и точката за обештетување на стечајците.

 

Преку зајакната регионална соработка до повисок стандард, членството во ЕУ останува императив за Западен Балкан

Иницијативата за регионална соработка што ја прмовираа лидерите на Македонија, Србија и на Албанија оценета како „мал шенген“ не значи отстапување од европските интеграции, туку заложби за заеднички ангажман за олеснување на сите гранични процедури, со цел овозможување олеснет проток на капитал, стоки, услуги и движење на луѓе. Лидерите на државите од Западен Балкан со оценка дека регионот треба да го овозможи тоа не само заради исполнување на европските критериуми во рамки на евроинтеграцијата, туку повеќе заради подобрување на трговската, стоковата, размената на бизнис-идеи, слободата на движења на луѓе и работна сила, сето во насока на креирање услови за подобрување на стандардот на граѓаните кои живеат во овој дел на Европа.

Собранието утре ќе избира заменик-министер за здравство

Владата за нов заменик-министер за здравство го предлага Арменд Арслани, специјализант по урологија на Медицинскиот факултет при УКИМ, кој претходно работел како доктор по општа медина во Специјализираната болница за нефрологија во Струга. Арслани треба да дојде на местото на Асим Муса, кој поднесе оставка на функцијата по скандалот дека зел мито од пациент од Албанија за да му овозможи операција во Струга. 

ФЛЕШ ВЕСТИ

Германија и Франција соработуваат со години, се помируваат и соработуваат во рамките на ЕУ. Се усогласуваме во врска со политиката на Западен Балкан, а целта е заедничка – да овозможиме наскоро започнување на пристапните преговори за земјите од Западен Балкан, изјави германскиот амбасадор Томас Герберих во Прилеп при денешната комеморација на Германските гробишта за загинатите војници од Првата светска војна.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска изјави дека сите мерки се преземени и сите институции се вклучени за да откријат што се случи во петокот во „ОХИС“. Тој додаде дека нема место за паника, и дека не е загаден воздухот.

Денешното рочиштето за петкратното убиство кај Смилковското езеро „Монструм“ на Јавното обвинителство, е одложено поради смртен случај на еден од поротниците.

 Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас во среда ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија и ќе се сретне со министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

 Сведокот на обвинителството Бесник Халими, што работел како возач во Дурмо турс на релацијата Гостивар-Скопје, на денешното рочиште за автобуската несреќата кај Ласкарци, беше сослушан како „непријателски сведок” откако кажа дека не е точен неговиот исказ во обвинителството и оти не се сеќава дека кажал декаи во автобусот имало уред за манипулација на тахографот.

Непознати сторители изминатата ноќ украле девет украсни садници од јавното зеленило пред Поликлиниката „Чаир“ во Скопје кои екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ги засадија во текот на вчерашниот ден.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Повик за учество на семинар на ЦИВИЛ во Кавадарци

ЦИВИЛ го најавува третиот регионален семинар за транспарентни и одговорни политички процеси кој ќе се одржи на 17 ноември во Кавадарци. Право на учество имаат апликантите од општините во Вардарскиот регион: Велес, Лозово, Свети Николе, Градско, Демир Капија, Кавадарци, Неготино, Росоман и Чашка.

АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО

Откако ќе биде одобрена Вашата апликација, тимот на ЦИВИЛ ќе Ве контактира за логистички прашања и дополнителни информации.

Семинар на ЦИВИЛ, проект: „Граѓански објектив“, Штип, 2018 година. / Фотографија: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

МИСЛА

Макрон и Вучиќ, то су срца два!

пишува: Сашо Ордановски

Кога Вучиќ, како што најави на самитот во Охрид, ќе се понуди да посредува кај Макрон за да дознаеме што му е во умот на францускиот претседател за судбината на европската перспектива на Македонија, тоа ви е како кога лАсицата ќе вети дека ќе преговара со лИсицата за безбедноста на јајцата во кокошарникот на Заев.

Има пердуви да летаат на сите страни; омлет, прсти да излижеш! 

Дехран Муратов во соработка со: Ангела Петровска, Сашо Ордановски и Диана Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ